Фармацевти
Контакт

<< Назад

ОСТРОВ НА ЧУДАТА

април 1, 2018

Во Арапското Море, 350 км од Јемен, се наоѓа островот Сокотра, каде растат шуми од змаево дрво и дрво краставица кое изгледа како да е од друга планета, а овчарите зборуваат јазик кој не се менувал стотина години и кој го разбираат помалку од 50000 луѓе. Во минатото морепловците ја заобиколувале Сокотра, бидејќи се верувало дека жителите управуваат со ветрови и дека може да им ги скршат бродовите со опасни песочни карпи. Денес на овој остров на чудата доаѓаат научници и истражувачи, бидејќи е еден од најважните светски центри на биодиверзитет, а густината на ендемските билки на него е најголема. „Пустинската ружа (Adenium obesum socotranum) е одличен пример за стратегија кои растенија на Сокотра се развиле за да се одржат во тешките сушни услови“, вели научник од Единбург, и додава: „Во стеблото на ова растение се складира вода, а расте во чудни облици за да се задржи на карпите. Некои ја сметаат за гротескна, но јас мислам дека, всушност, е многу привлечна“. Инаку, „пустинската ружа“ ја нарекуваат и „најгрдо дрво кое бог го создал“. На Сокотра многу растенија се снабдуваат со вода од маглата која кондензира на карпите.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>