За поубаво дружење и повкусна голткаБојана Бугарски
Голем број луѓе имаат своја омилена шолја од која пијат кафе или чај. Многумина се поврзани со истата, па одбиваат да ја делат со домашните... Дали и вие имате своја незаменлива шолја?
Доколку сѐ уште не сте присвоиле некоја само за себе, а старата ви е здодевна, или, пак, размислувате за некој подарок, вистински момент е да се забавувате и да ги насликате еднобојните шолји и да им дадете свој личен печат... Напишете мотивациска порака, реченица која ве потсетува на личноста на која ѝ ја подарувате или нацртајте некоја симпатична скица.
Прво морате да набавите маркери за стакло и керамика, кои можат да се најдат во разни бои, а ние се одлучивме за црни и златни. Сѐ што сакате да го пренесете на шолјата, прво, секако, можете да го повежбате на хартија, а доколку и не сте баш талентирани за цртање, ви откриваме како професионално да ја украсите.
Отпечатете ја својата идеја! Напишете нешто во Word или преземете од интернет отпечатен натпис или цртеж, исечете го и хартијата свртете ја од опачина. Со дрвен молив ишкртајте ја хартијата, и таа страна на работ со селотејп залепете ја на шолјата. Со молив преминете преку шаблонот, кога ќе ја скинете хартијата шаблонот ќе остане пресликан на шолјата, а сега само поминете со маркер.
Уште една интересна идеја е срце, каде што рачката на шолјата ја претставува едната негова половина, а другиот дел скројте го на хартија, наслонете го на шолјата и направете точки на шолјата по работ на хартијата, како и на дршката од страна. Ефектот на срце е готов.
Кога ќе завршите со цртање на шолјите, оставете ги да се исушат неколку часа, а потоа ставете ги во ладна рерна (за да не дојде до пукање) која ќе ја вклучите на 160 степени. Од моментот кога рерната е загреана, печете ги половина час. Препорака е да ги миете рачно и бојата нема да се избрише, избегнувајте миење во машина.
Вашите најдраги нема да останат рамнодушни на вашиот труд и креативност, нема да се делат од неа и не се сомневаме дека вашата шолја ќе го заземе првото место во нивното домаќинство.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци