[vc_column width="1/1"]Пред точно 350 години, во 1665 година Роберт Хук, англиски физичар и секретар на Кралското друштво во Лондон, користејќи микроскоп од кожа и злато, открил клетка, на која ѝ го дал името според монашка соба. Изразот прв пат е употребен во неговиот труд Микрографика (Micrographica, ситно цртање), во кој ги опишал своите микроскопски и телескопски набљудувања, го објаснил процесот на согорување, кристалната структура на снегулките и ја дал студијата за фосилите. Роберт Хук го усовршил барометарот, телескопот и микроскопот, а во историјата на науката влегол и како научник кој ја докажал гравитацијата на небеските тела, и тоа дека Земјата и Месечината се вртат околу Сонцето по елипсовидна патека, како и со откритието на законот за истегнување на телата кој е наречен „Хуков закон“.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци