Фармацевти
Контакт

<< Назад

Панда, мечка или ракун?

ноември 1, 2016

Со децении владеела конфузија околу потеклото на пандите, дали припаѓаат на фамилијата мечки (Ursidae) или ракуни (Procyonidae), бидејќи имаат карактеристики и на едните и на другите. Заговорниците на теоријата дека џиновските панди, всушност, се ракуни ги истакнувале сличностите на черепот, забите и физичките одлики околу очите, а оние кои сметале дека предци им се мечките укажувале на обликот на телото, големината и начинот на качување. Затоа научниците направиле генетско истражување на пандите и мечките и заклучиле дека се најслични. Фамилијата на која ѝ припаѓаат ракуните се одвоила од мечките пред околу 500 милиони години, додека џиновските панди го направиле тоа пред 25 милиони години и се сметаат за подгрупа на фамилијата мечки.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>