Фармацевти
Контакт

<< Назад

Пеги и дамки на кожата

ноември 1, 2017

Совети за отстранувањеМилица Алексиќ

Пегите обично се појавуваат на делови на телото кои се изложени на сонце (лице, деколте, шаки), кафеави се и во рамнина на кожата. Почесто се појавуваат кај луѓе со светол тен, а помалку се изразени во текот на студените месеци. Таканаречените „старечки дамки“ обично се видливи на рацете, поретко на лицето и се нормална појава веќе од 40-тата година од животот. И тие почесто се јавуваат по изложување на сончеви зраци. И пегите и дамките претставуваат зголемен депозит на меланин на местата на кои се појавиле. Нивната појава обично нема некаков здравствен ризик, но во случај на зачестеност се препорачува годишен преглед на пигментираните промени.

Отстранување и избелување: Пилинг, односно отстранување на горните слоеви на кожата со супстанции кои содржат киселини од природно потекло (аскорбинска, салицилна, млечна, винска) е ефикасен начин на отстранување пеги и дамки. Вакви пилинзи не се препорачуваат во домашни услови, туку треба да се прават во козметички салони и дерматолошки ординации. Најдобро е лекар специјалист да препорача и третман и нега после пилингот, бидејќи може да се јават алергиски реакции, а и кожата некое време нема природна самозаштита, што бара посебна нега. Покрај ваквите хемиски пилинзи, во дерматолошките ординации може да се прават и третмани со ласер, замрзнување на дамките и пегите со течен азот, како и абразија со радиобранови. После ваквите интервенции треба доследно да се придржувате на советите за заздравување. Меѓутоа, на пегите и дамките можеме да влијаеме и дома.

Лимон: Со сок од лимон треба да ги мачкате три до пет пати на ден деловите на кожата на кои се појавиле пеги и дамки. Постапката треба да се повторува три дена, па после пауза од неколку дена да се повтори.
Грозје: Свеж сок од грозје ги ублажува пегите. Пред спиење на кожата треба нежно да се нанесе сок од грозје и да се остави до утрото. Наутро лицето да се измие со вода, а на кожата да се нанесе заштитен крем.
Рен и оцет: Маската од рен и оцет се прави така што две лажици рендан рен се прелеваат со 250 мл вински оцет. Стаклениот сад со оваа смеса треба да се чува на сонце 10 дена, па содржината да се процеди. Добиениот „сок“ треба да се помеша со брашно и да се стави како маска на деловите на телото на кои се појавиле пеги и дамки. По 15 минути маската треба да се отстрани, кожата да се измие со млака вода и да се нанесе неутрален заштитен крем. Оваа маска може да се користи седум дена, а по тој период потребно е да се направи пауза од две недели.

Сода бикарбона: Направете „снег“ од една белка, додадете лажичка сода бикарбона и смесата нанесете ја на кожата, по 15 минути измијте со млака вода. По третманот задолжително нанесете заштитен крем.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>