Балансот на рН вредноста на организмот има огромна важност за здравјето, но сепак ретко кој знае за тоа и води сметка за оваа рамнотежа.
pH (potential of hydrogen) вредностите покажуваат колку една материја или средина е алкална (богата со кислород) или кисела (и недостасува кислород). Овие вредности се движат од 1 до 14, каде што вредноста 7 е неутрална. Колку рН вредноста е поголема од 7, толку и телото е поалкално. И обратно, колку рН вредноста е помала од 7, толку и телото е покисело.
Најчеста причина за нарушениот рН баланс во организмот е неправилната исхрана која се состои од преголеми количини месо, млеко и млечни производи, шеќери, рафинирани производи полни со адитиви и конзерванси, бело брашно, кафе, алкохол и слично. Надворешните штетни влијанија, алергиите, емотивниот стрес, настинките и вирусите, како и лекарствата, исто така влијаат на зголемувањето на киселоста во нашиот организам. Сето ова се манифестира преку разни здравствени состојби, како што се различните воспаленија, сува и надразнета кожа, хронични главоболки, акни, хронично лошење и мачнина, несоница, депресија, анксиозност, надразливост, алергии, чувстсво на глад и прекумерна тежина. Ваквата состојба придонесува и до многу посериозни болести, како што се намалување на имунитетот, проблеми со срцето, црниот дроб, артритис и рак. Храната која создава киселост во нашиот организам ги осиромашува коските од минерали (кои ослободуваат калциум и магнезиум за да ја повратат алкалноста) и ги осиромашува мускулите од протеини (кои почнуваат да се разложуваат за да произведат амонијак кој е високо алкален). Што значи, долгорочно киселоста на организмот доведува до послаби коски (остеопороза) и намалена мускулна маса.
Знаењето како да се задржи алкалноста е важно за одржување на добро здравје. Телото „работи напорно“ за да ја одржува својата рамнотежа, па така кога ќе направиме некој лош избор во животниот стил или пак сме оптоварени со токсична средина, тоа мора да работи уште понапорно за да создаде смиреност.За да имаме добро здравје, нашиот организам треба да биде благо алкален (со рН вредност помеѓу 7.365 и 7.450). Но ова не е така едноставно, со оглед на тоа што е потребна 10 пати поголема алкалност за да се неутрализира некоја киселина.
Јадејќи повеќе алкална храна (зеленолистести растенија, зеленчук, семиња и мешунки, сокови, смуди и зеленчукови супи) наместо кисела храна (месо и други животински производи, обработени јаглехидрати, рафиниран шеќер, алкохол), го преплавуваме нашето тело со хлорофил, ензими, витамини, минерали и кислород. Здравата храна создава здрави клетки и здрави мисли. Со цел да одржуваме оптимална pH вредност на нашиот организам, треба да внесуваме минимум 60% алкална и максимум 40% кисела храна. Доколку боледуваме од нешто, треба да се стремиме нашата исхрана да се состои од минимум 80% алкална и максимум 20% кисела храна.
За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2022).