Питомиот пелин е симбол на љубовни јадови. За виното пеленаш и за пеликовец во народот се верува дека се сигурен лек за многу душевни страдања.
Автор проф. д-р Радиша Јанчиќ
Питомиот пелин е евроазиски вид распространет на суви места. Стебленцето му е разгрането, покриено со бели влакненца. Листовите на стебленцото се седечки, два пати делени во вид на перја на долгнавести тапи резени. Ситните топчести главички (со големина 3-4 мм) се собрани во разгранет сложен цвет. Инволукрумот е сив, влакнест. Цветовите се жолти. Цвета во август и септември.
Употреба
Питомиот пелин од дамнина е познато лековито растение. За време на цветањето на растението му се отсекуваат врвовите на стебленцето со должина до 30 см и се сушат во ладовина. Од хербата со дестилација со помош на водена пареа се добива сино етерично масло. Зелените гранчиња на врвот во цветот содржат горчливи материи кои го подобруваат апетитот и варењето на храната. Во облик на чајни напитоци и тинктури, во минатото и на горчливи вина, се користи за подобрување на апетитот кај пореметено варење и лачење на жолчката.
Враќањето на апсинтот
Етеричното масло поседува извесни токсични компоненти (тујон), па со примената на питомиот пелин треба да се биде многу внимателен. Со години забранет, алкохолниот пијалак од питом пелин – апсинт, повторно е во продажба ширум Европа, но со строго контролирана содржина. Во историјата на уметноста останало забележано дека во горчливиот вкус на пијалакот направен од питом пелин уживале Тулуз Лотрек, Оскар Вајлд, мане, Дега и Ван Гог.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци