Фармацевти
Контакт

<< Назад

Планета на пластика

септември 1, 2017

Американските научници пресметале дека од 50-тите години од минатиот век, кога почнало масовното производство на полимери, во светот се произведени 8,3 милијарди тони пластика, а во последните 13 години дури половина од таа застрашувачка количина. Со други зборови, вкупната количина на произведена пластика е еднаква на тежината на милијарда слонови, со тоа што повеќе од 70 насто од пластиката е отпад, кој ја загадува земјата и океаните. Само девет насто од пластиката се рециклира, известува Science advances и го цитира професорот на калифорнискиот Универзитет Санта Барбара, Роланд Гејер: „Забрзано стануваме планета Пластика, и ако не сакаме да живееме во таков свет, тогаш треба да размислиме за начинот на кој ја користиме пластиката.“

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>