Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПОЛО

август 25, 2015

[vc_column width="1/1"]

Кралска игра на коњи

Весна Кнежевиќ Ќосиќ

Некогаш национален спорт на античка Азија, полото се играло од Јапонија до Египет, од Индија до Византиското Царство, а денес има и свои подваријанти на велосипеди, во кануи, со слонови и јакови

Полото е многу стар спорт, се игра во 77 земји во светот, а од 1998 година Меѓународниот олимписки комитет го признава како спорт со кој раководи Меѓународната поло федерација. Во САД тоа е спорт на големи брзини, јавачите се во полн галоп. САД единствени имаат и професионална женска поло лига. Професионално се игра само
во Аргентина, Англија, Пакистан, Индија и САД. Единствен е меѓу тимските спортови по тоа што играчите-аматери играат заедно со професионалците.

Бил популарен и во стара Кина, каде со векови се користел за пополнување на слободното време на припадниците на кралските семејства, а во Монголија се играла варијанта на поло со свежо исечена козја глава наместо топка. Поло чеканот се јавува и на кинеските кралски грбови, што и не е необично, бидејќи играта била дел од дворскиот живот во златната доба на кинеската класична култура под Мингхуанг, кој бил страсен играч. Некои погрешно веруваат дека јавачките монголски орди го измислиле полото. Монголското царство и појавата на Златната орда се случиле илјада години откако полото било распространето секаде во Азија и на иранското плато. Многумина мислат дека отменото поло има заедничко потекло со националната игра на Авганистан, која вклучува два тима играчи, мртва коза и неколку правила. Името ѝ е
„бузкаши“. Играчите јурат на коњи и ја удираат мртвата коза наместо топка, од која на крајот остануваат само партали. Во Казахстан се игра „кокпар“, слична игра на бузкаши.

Најстаро поло игралиште е Маидан-Шах во Исфахан, Иран, од 16 век, а најстар клуб е Калкута поло клуб, основан во 1862 година. Највисокиот поло терен во светот се наоѓа во Пакистан, на платото Балтистан, на висина од 4 307 метри.

Полото е тимски спорт кој се игра на коњи со цел да се дадат голови. Во играта учествуваат два тима кои користат големи дрвени чекани со кои се обидуваат да ја втераат топката во голот на противникот, при што има многу остри свртувања и акробатски удари, така што човекот и коњот мораат да бидат добро увежбани. Кога се игра поло на отворено, секој тим се состои од 4 јавачи. Во варијанта под покрив (Арена Поло) тимовите имаат по три играчи. Играта се одвива во периоди од по седум минути кои се викаат чука (Chukkas). Шест чуки е норма, но во зависност од правилата на лигата, мечевите можат да имаат четири или осум чуки. Арена Поло има чуки кои траат по шест минути.

Принцот од Велс
Сер Чарлс играл поло 40 години, а по 1992 година само во добротворни мечеви, па се повлекол „достоинствено но со жалење“, собирајќи повеќе од 12 милиони фунти во добротворни мечеви. Во 1990 година во поло меч ја скршил десната рака, по тешкиот пад во 2001 година бил во бесвесна состојба. Полото не е безопасен спорт. Сер Чарлс доживеал сериозен пад од коњ и 2005 година, но ентузијазмот за овој спорт го пренел на своите синови, Вилијам и Хари, кои се познати како добри играчи. Ништо необично што на поло меч му се случила и една од најважните средби во животот. Имено, кога имал 23 години сер Чарлс на поло турнир ја запознал својата сегашна сопруга Камила, а светот го заобиколи фотографијата на парот во разговор под дрво, на која принцот е во својата поло облека.

Игралиште на патот на свилата
„Други луѓе нека се занимаваат со други работи – Кралот на игрите е секогаш Игра на кралевите“. Овој стих е издлабен во каменот покрај поло игралиштето во Скард, Пакистан, северно од Кашмир, покрај фамозниот пат на свилата од Кина кон Западот. Многу научници веруваат дека полото се појавило меѓу иранските племиња во времето пред Дарио I (521 – 485 пред Христос), а персиската литература и уметност даваат најбогати извори за полото во античкиот свет. Федовси, ирански поет-историчар, ги наведува бројните примери на кралските поло турнири во текстот за Епик од деветиот век. Поетот тука говори за меѓународниот меч помеѓу силите на Туранците и следбениците на принцот Сијаваш, а наведува и дека царот Шапур II од династијата Сасанида од четвртиот век, учел да игра поло кога имал само седум години.

3 000 години пред Христос
Полото стигнало на Запад преку Манипура, североисточна индиска држава. Во Гинисовата книга на рекорди пишува дека полото било познато во Манипура уште околу 3 100 години пред Христос, под
името Сагол Кангјеи.

Според историски извори, еден службеник на британската влада стациониран во Манипура во 19 век, напишал приказ на поло спортот и така неговата популарност се раширила. А во текот на една дебата во Куќата на лордовите од 1891 година маркизот од Рипон рекол за Манипура: „Тоа е мала држава и малку работи се познати за неа, но во таа држава, знаете, се родило полото“.

Модерниот поло спорт има стар проблем. Играта е скапа и ексклузивна, а ја следи и аура на богатство. Ама, популарноста на полото постојано расте од осумдесеттите и изгледа дека иднината му е осигурана со враќање меѓу спортовите кои се играат на универзитетите ширум светот.

Во текот на античката историја на Азија, од Јапонија до Египет, од Индија до Византиското Царство, поло и неговите варијанти биле
најблиску до еквивалентот „национален спорт“. Меѓутоа, со пропаѓање на големите источни царства во средниот век, со продори на монголските орди кои следувале, исчезнал сјајниот дворски живот во кој полото играло значајна улога, и играта сама по себе се задржала само во оддалечените села.

Правила
Полето е долго 100 метри, а широко 54 или 66 метри. На двете страни е поставен гол. Игрите многу често се играат со хендикеп, што е специфичен израз кој значи дека се дава фора на противникот. Давањето фори на противникот е вообичаено, затоа што често разликите меѓу играчите се толку големи, што без нив играта би била многу брзо завршена и со самото тоа неинтересна.

Полото се игра со десна рака. Играњето со лева рака е исклучено во 1975 од безбедносни причини. Денес само тројца играчи во светот се левучари. Кога поло играчот сака да го запре противничкиот маневар,
еве како го прави тоа: кога противничкиот играч се подготвува за удар, тој го приближува својот коњ кон противникот, така што неговата рака со која удира да биде помеѓу јавачите. Кога противникот ќе го подигне наназад својот чекан, за да зададе удар, тогаш маневристот својот чекан така го поставува да се закачи за неговиот, а противникот се наоѓа во позиција невозможна да земе замав. Тоа е малку валкано ама не е фаул.

Хорсбал е игра која се игра на коњи во кои поени се добиваат со префрлање на топка преку висока мрежа. Спортот е комбинација од поло, рагби и кошарка. Полото не се игра само на коњи. Постојат поло варијанти кои се играат, најчесто во рекреативни и туристички цели, и на други начини, на пример: кану поло, велосипед поло, слоновско поло, Сегвеј поло и јак поло, игра во која наместо коњ и слонови учествува говедо од Тибет, односно јужен Сибир.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>