Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПОМАЛКУ КИЛОГРАМИ

јануари 26, 2016

[vc_column width="1/1"]

Последици и совети за дебелеење

Весна Вујанац-Шувак

Добивањето килограми на здрав начин подразбира уредно спиење, контрола на стресот, одење и вежбање, како  здрава и калорична исхрана секои три до четири часа, богата со протеини, јаглехидрати, витамини и минерали

Ненамерното губење килограми и последичната слабост, односно потхранетост, може да бидат поврзани со здравствени проблеми, односно да настанат како последица на лоша апсорпција на храна, автоимуни пореметувања, паразити во цревата, улцерозен колитис, хронична дијареја, хипотиреоза, дијабетес, туберкулоза, некои облици на канцер и други болести.

Потхранетоста и загубата на телесна тежина може да се јават и по операции, трауми и стрес, каков што е, на пример, загуба на блиска личност. Познато е дека некои лекови можат да поттикнат загуба на тежина (и обратно). Слабоста ја предизвикуваат и лоши навики во исхраната, стрес на работа, хормонски пореметувања, забрзан метаболизам, како и генетиката.

Последиците од претерана слабост може да бидат повлекување во себе, емотивни проблеми, депресија, загуба на менструација, недостиг на калциум, остеопороза, кршливи коски, заби и нокти, изнемоштеност и слабост, лоша крвна слика, срцева аритмија и пореметувања на срцето како резултат на недостиг на калиум. Исто така, пореметувањето на ензимите може да доведе до масна дегенерација на црниот дроб, воспаленија на панкреасот, гастритис, чир и други болести.

Во случај на нагло губење на килограмите и изразена слабост, неопходно е да се посети лекар и да се направи комплетен лекарски преглед, лабораториска анализа на крвната слика (слабите луѓе може да бидат анемични), како и тестирање на алергии и интолеранција на храна.

Потхранетоста најмногу ги загрозува луѓето од постара возраст и децата, особено доенчињата, бидејќи им го забавува нормалниот раст и развој. Меѓутоа, некои луѓе се слаби цел живот и потполно здрави. Но тоа не значи дека не ги мачат фрустрации поради слабиот изглед, па еве неколку совети за дебелеење на здрав начин:

Не ги прескокнувајте оброците: Никогаш не се прејадувајте, но јадете на секои три до четири часа, бидејќи организмот има потреба од постојан прилив на енергија. Ако прескокнувате оброци, ризикувате загуба на мускулната маса. Ако количината на потребни калории е од 2000 до 2500 на ден, за дебелеење се потребни дополнителни 500-1000 калории, значи околу 3500. Храната треба да се консумира во опуштена атмосфера, а секој залак полека да се џвака.

Внесувајте поголем број калории: Помеѓу оброците треба да се консумираат здрави и калорични грицки, како јаткасти плодови и суво овошје. Дополнителни калории може да се внесат и преку вкусни свежи сокови со додаток на јогурт, лелено семе, банани и мед. Корисни се и билни чаеви, сокови од зеленчук и овошје и минерална вода. Важен е и правилниот избор на намирници богати со протеини како јајца, ореви, грашок, грав, јогурт, риба, немасно црвено месо, пилешко и мисиркино месо.

Вежбање: Движењето и вежбањето го поттикнуваат апетитот, ја градат мускулната маса и бараат дополнителен внес на калории.

Бирајте покалорична храна: За разлика од дебелите луѓе, на слабите им се препорачуваат тестенини, полномасно млеко и млечни производи, како и слатки како чоколадо, но не треба да се претерува со внесот на шеќер. Редовно треба да се консумираат здрави, односно добри масти, бидејќи содржат омега-3 масни миселини. Ги има во туната, лососот, рибиното масло. Корисни се и намирници богати со јаглехидрати, како житни растенија од цело зрно, интегрален ориз, грав.

Стоп за цигарите: Престанете со пушењето, бидејќи цигарите и кафето го забрзуваат метаболизмот и го отежнуваат дебелеењето.

Намалете го стресот: Стресот може да биде причина за губење килограми, па важно е да се избегнуваат стресните ситуации и „црните“ мисли.

Избегнувајте брза храна: Брзата храна, индустриските сокови со многу шеќер, месните преработки, белото брашно, чипс и други нездрави грицки, не се добар избор бидејќи не придонесуваат за зголемување на мускулната маса, како и чувствота на елан и прилив на енергија.

Доколку сте неумерени кога е брзата или масната храна во прашање, како и слатките, наместо саканите килограми само ќе наталожите масни наслаги околу внатрешните органи, половината и вратот, што е опасно за срцето и крвните садови, а може да се заработи и зголемен холестерол. Тоа што некои намирници содржат голем број калории, не мора да значи и дека се хранливи и дека може да помогнат да се изгради мускулна маса (на пример, шеќер и бел леб). Избегнувајте маргарин и масло од сончоглед.

Трикови: Зеленчукот содржи мал број на калории, па од него нема да се здебелите, затоа дајте им предност на пченката, грашокот, гравот. Кога јадете нискокалорична марула, богато зачинете ја со калорични додатоци како што е полномасно сирење. Црната трупка изобилува со калиум, калциум, фосфор, натриум и железо, а со мирисот и вкусот го поттикнува апетитот, па од неа се прави салата и се зачинува со маслиново масло и павлака. Треба да се подготвува непосредно пред јадење, бидејќи со стоењето го губи специфичниот мирис, вкус и лековити состојки.

Стимулирање на апетитот: Слабиот апетит може да се стимулира со земање витамини од Б-групата, чаеви од ајдучка трева и нане, лук, лути пиперчиња, ѓумбир. Недостигот на цинк во исхраната, исто така, може да биде причина за лош апетит, па треба да се надоместува.

Уредно спиење: Одењето во кревет секој ден приближно во исто време и спиење во траење од осум часа, се битни за надоместување на изгубените килограми.

Потхранетост во третата доба
Загубата на тежината кај старите луѓе може да биде предизвикана од многу причини, од кои најчести се:
• Старите луѓе често имаат проблеми со забите и непцата, што битно влијае на исхраната.
• Во третата доба доаѓа до намалено чувство за вкус и мирис, па храната може да биде непривлечна, без вкус, блуткава и да доведе до губење на апетитот.
• Некои стари луѓе се осамени, депресивни и немаат волја или сила да се грижат за себе, уредно да се хранат, што гради затворен круг, бидејќи недостигот на хранливи материи го забавува метаболизмот, па исхраната уште повеќе се запоставува.
• Многу здравствени проблеми го убиваат апетитот.
• На апетитот може негативно да влијаат и некои лекови.

Анорексија
Кога телесната маса е помала за 10 насто од идеалната тежина, се смета дека личноста е слаба. За слабоста има многу причини, а основни се дека дошло до недоволен енергетски внес, кој може да има бројни причини и зголемена енергетска потрошувачка. Една од причините може да биде и пореметување кое се манифестира со одбивање на јадењето и неземање храна и се нарекува анорексија. Во почетокот, килограмите се губат нагло, но тој процес со времето се забавува, бидејќи организмот се приспособува на новонастанатата ситуација. Лицето кое слабее се чувствува заморно и исцрпено, кожата му станува потенка и набрана, доаѓа до пореметување на имунитетот и почести инфекции, како и до дијареја поради атрофија на слузокожата на органите за варење. Во случаи на анорексија потребно е и психијатриско лекување, бидејќи може да биде загрозен животот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>