Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПРАКТИЧНА ТОРБИЧКА ЗА ШМИНКА

јануари 26, 2016

[vc_column width="1/1"]Катарина Вијатов

Дури и кога е спакувана во посебна торбичка за козметика, шминката, а особено ситните „алати“ за шминкање, како четкички во разни големини (од оние мали за нанесување сенки и руменила, до големи за пудра), прават хаос и не е едноставно да се пронајдат веднаш, со еден потег.

За тоа да не се случува и вашиот сет за шминкање секогаш да биде уредно и прегледно нареден, ви предлагаме да направите едноставна торбичка за шминка, која кога ќе ја отворите добро лежи на тоалетното масиче, без ризик нешто да се изгуби или да се истркала.

За да ја направите оваа практична торбичка, потребна ви е подлошка од бамбус (од оние за под чинии), ластик, конец, сатенска лента, ножички и игла.

20

Почетокот на ластикот сошијте го за подлошката, па на одредено растојание, од 5 мм, 1 см или пошироко, провлекувајте го ластикот низ подлошката. Кога ќе дојдете до крајот, сошијте го крајот на ластикот за подлошката. Добивте различни ширини на држачот за вашата шминка, а бидејќи ластикот е сошиен само на почетокот и на крајот, растојанијата можат да се нагодуваат, како врвки на чевли.

Ние во нашата торбичка за шминка ставивме четки за руменило, четкички за сенки, сјај за усни, руменило. По желба можете да ставите и моливи за очи и усни, маскара, пинцета. Кога сето тоа уредно ќе го наредите, подлошката ја виткате во ролна и ја врзувате со сатенска лента.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>