[vc_column width="1/1"]Милица Алексиќ
Постојат три пристапи кои можат да помогнат да се запре прогресивното опаѓање и проретчување на косата, да се поттикне заздравувањето и растот и да се спречат воспалителни процеси на скалпот.
Антиандрогените препарати се користат во терапија на ќелавост која е наследна. Функционираат така што го намалуваат нивото на машкиот сексуален хормон дихидротестостерон (DHT), кој го напаѓа коренот, па косата послабо расте, мажите стануваат ќелави, а на жените косата им се проретчува. Кога ќе се намали нивото на DHT, се запира опаѓањето на косата, воспалителниот процес на скалпот, мрсењето и перутот. На пазарот постојат голем број антиандрогени препарати за орална примена, кои се избираат во консултација со лекар или фармацевт.
Стимулаторите на раст ја поттикнуваат косата да расте, но не ги спречуваат предизвикувачите на опаѓање на косата, па се препорачува нивно користење во комбинација со антиандрогени препарати, бидејќи така се постигнува синергија – се запира понатамошно губење на коса и се поттикнува растот на нова. Покрај препаратите за стимулација на растот, кои ги има многу на пазарот, за ефикасна се смета и ласерска фототерапија на скалпот.
Ублажувачи на воспалителни процеси се производи кои го намалуваат и ублажуваат воспалението, јадежот, црвенилото и првутот. Се користат и кај опаѓање на коса предизвикано од хормонски промени, како и како реакција на одредени лекови. Причина за дифузно опаѓање на косата може да бидат хемотерапија, треска, зголемена работа на штитната жлезда или недостиг на железо, како и препарати за разредување на крвта, антиепилептици, лекови за штитна жлезда и антиревматици. Донесуваат и субјективно чувство за олеснување на тегобите. Се препорачуваат и шампони за длабинско чистење на косата и скалпот, кои се добра превенција на воспалителните процеси. Но, максимален ефект се постигнува со комбинација на антиандрогени препарати, стимулатори на раст и ублажувачи на воспалителни процеси.
Витаминот Х (биотин) често го нарекуваат и „витамин за коса“. Иако не го зголемува бројот на влакна, ја подобрува структурата и квалитетот на косата. Се смета дека една таблета дневно од 2,5 мг биотин е доволна, но би требало да се зема минимум 6 месеци за да има видливи резултати.
Витаминот Ц и биотинот кај опаѓање на косата се користат како додатоци на исхраната, но и како ампули и спрејови. Овие препарати содржат билни препарати кои ја ублажуваат хормонската активност која го поттикнува опаѓањето на косата и екстракти од билки кои се благотворни за раст на косата.
Маслата од жалфија, рузмарин и лаванда традиционално се користат против опаѓање на косата, бидејќи го спречуваат згуснувањето на мембранското тки- во околу фоликулите на влакното. За масирање на скалпот се користи амла масло помешано во еднакви делови со сок од лимон.
Семките против опаѓање на косата се користат така што се мелат семки од лимон и зрна црн бибер, па се додава малку вода, и се добива паста, со која се масира коренот на косата за да се подобри циркулацијата. Постапката се повторува секој ден еден месец.