Фармацевти
Контакт

<< Назад

Превенција на рак на дојка

октомври 1, 2017

Раното откривање спасува животиДеталниот самопреглед во исправена и легната положба, клинички, ултразвучни и мамографски контроли кои се прават на време, во согласност со годините, ризик-факторите и по препорака на лекар, се прва линија на одбрана од злокачествени промени на дојките, кои, доколку навреме се откријат, буквално го спасуваат животот

 

д-р Кристина Давидовиќ, радиолог

 

 

Во текот на животот, во пубертет, за бреме на бременост, во текот на доење и подоцна, во менопауза, дојките се менуваат. Во пубертет се развива ткивото на дојките, во текот на бременост и по породување дојките произведуваат млеко, во менопауза поради намалената продукција на хормони ткивото на дојките се заменува со масно ткиво. Дојките се менуваат и во текот на менструален циклус, кога може да бидат болни, тешки, чувствителни и отечени. Промените на дојките за време на менструација обично се губат со завршување на месечниот циклус.

 

 

Многу е важно за сите промени на дојките секоја жена да го извести својот лекар, посебно за промените кои не се губат, како и редовно да прави превентивни прегледи. Исто така, битна е и консултација со лекар специјалист за евентуалните ризици (семејна историја на рак на дојка) и во случај ако ги има, секоја жена треба совесно да се придржува кон препораките кои ќе го намалат ризикот од заболување.
Бенигни промени: Масните некрози (фиброаденоми) се непријатни, често болни безопасни промени на дојките и бараат преглед кај лекар кој е специјализиран за болести на дојките и кој може да ги препорача следниве постапки: носење посебен градник, намален внес на кофеин, пункција и хируршко отстранување на цисти.

 

Алармантни промени: Ако забележите стврднување, јазол, задебелување, црвенило, потемна кожа, оток, топла точка, промена во големината и обликот на дојките, појава на вдлабнување, набирање на кожата на дојката, чешање, исип на и околу брадавицата, вовлечени брадавици, секрет од брадавиците, болка која не се повлекува ИТНО одете на лекар кој е специјализиран за болести на дојките, бидејќи овие може да бидат знаци на предупредување за рак на дојка. Многу е ВАЖНО посетите на лекар да не ги одлагате, бидејќи во рана фаза откриен рак на дојка може со успех да се лекува, а стапката на преживување е поголема од 95 насто.

 

Самопреглед на дојки: Се прави еднаш во месецот, по завршен месечен циклус. Жените во поодминати години кои веќе немаат менструација, треба да го прават прегледот во ист ден секој месец. За да биде успешен, важно е секоја жена да ги познава своите гради, обликот, текстурата и бојата, бидејќи само така ќе може да ги уочи промените и за нив да го извести лекарот.

 

На лекар јавете се ВЕДНАШ доколку забележите исцедок од брадавиците, нејзино вовлекување или промена во положбата на брадавиците, црвенило на градите, исип, болен оток, вдлабнувања (јамички), јазли, израстоци, разлика во големината и обликот на дојките.

 

Клинички преглед: Во текот на редовниот преглед на дојките, лекарот ги испитува нивната големина, облик, боја и сите можни промени на нив, како и под пазувите и во случај на сомнеж на некоја абнормалност упатува на лекар специјалист.

 

Мамографија: Мамографскиот преглед трае кратко, со минимални дози на зрачење и е значаен поради тоа што може да го открие ракот на дојка во стадиум кога не може да се открие со самопреглед и клинички преглед. Покрај општите препораки за преглед со мамографска техника, во случаи на висок ризик лекарот дава посебни препораки за ритамот на мамографското тестирање.

 

Ултразвучен преглед: Се препорачува на млади девојки и жени кои имаат менструален циклус, бидејќи хормоните им се активни, а ткивото на дојките густо. Ултразвукот ги детектира цистите исполнети со течност и е погоден за контрола на бенигни промени.

 

Биопсија: Земање примерок од ткивото на дојките и негова микроскопска анализа која ги открива бенигните и злокачествените промени се нарекува биопсија.

 

Ризик-фактори на кои може да се влијае:

 

Ризик-фактори на кои не може да се влијае:

 

 

Промени на градите

ЦИСТИ: Речиси секогаш се бенигни, обично настануваат по 30 година и претставуваат  простори на ткивата на дојката исполнети со течност.

МАСНИ НЕКРОЗИ: Може да настанат со оштетување на масното ткиво во вид на затврднувања, како последица на удар.

 

ФИБРОАДЕНОМИ: Овие бенигни тумори се јавуваат најчесто помеѓу доцен пубертет и раните 20 години од животот. Во текот на бременост и доење може да пораснат.

ФИБРОЦИСТИЧНИ ПРОМЕНИ: Се појавуваат пред менструација во вид на болно чувствителни затврднувања.

СЕКРЕТ ОД БРАДАВИЦА: Може да се јави од едната или од двете дојки, па треба веднаш да се информира лекар и што подетално да се опише секретот.

ЦИКЛИЧНА БОЛКА: Во врска е со  менструацијата и варира за време на месечниот циклус, кога дојките се болно чувствителни.

НЕЦИКЛИЧНА БОЛКА: Обично се јавува во едната дојка, не  е поврзана со менструација и веднаш треба да се посети лекар.

 

 

Месечни и годишни прегледи

 

Ракот на дојка не е една болест, туку е назив за група болести и е најчест облик на малигнитет кај жените, од него заболува секоја десета жена. Ако се открие порано, успешно се лекува. Од најголема важност е секоја жена, почнувајќи од 20 година да прави месечен, детален самопреглед на дојките, а од таа доба и клинички преглед на дојките на секои 24 месеци. По 40 година се препорачува клинички преглед еднаш годишно. На жените кои имаат повеќе од 50 години, како и на жените помеѓу 40 и 50 години, кои влегуваат во високоризична група, им се препорачува мамографија секои две години. Во случаи кога постои историја на рак на дојка во семејството, и кога се присутни други ризик-фактори, зачестеноста на мамографскиот преглед ја препорачува лекар кој е специјализиран за рак на дојка.

 

 

 

Техника на самопреглед

Самопрегледот на дојки најлесно се прави по туширање, додека кожата е влажна, во две положби: исправена и легната.

 

Големината, обликот и бојата на градите прво се самопрегледува во исправена положба, со рамена наназад, пред огледало.

Рацете треба да се подигнат над главата и да се набљудува дали има некоја абнормалност (отоци, асиметричност и др.), односно дали има отстапувања од стандардниот изглед на  дојките.

 

Со два прста (палец и показалец) притиснете ги брадавиците да видите дали има секрет, кој може да биде бел, жолт или со примеси на крв.

 

Легнете на грб. Опипајте  ја секоја дојка со јагодиците на прстите со кружни движења, нежно притискајќи. Мора да ги опипате целите дојки, од брадавиците, до крајот на надворешните делови во насока на стрелките на часовник и во спротивна насока, притискајќи со прстите. Важно е да се опипа дојка во што повеќе насоки, бидејќи една не е доволна.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>