Фармацевти
Контакт

<< Назад

Природни производи за лекување ревматски тегоби

септември 1, 2017

Ревматските заболувања како што се ревма и артритис се хронични, најчесто се јавуваат кај постари лица, се манифестираат со болки во мускулите, зглобовите и коските, отежнато движење, оток и црвенило на кожата, како и трнење, многу често без јасен предизвикувач на болеста. Поради тоа лекувањето не е едноставно, иако се знае дека предизвикувачи може да бидат бактериски инфекции во организмот, физичка неактивност, несоодветна исхрана, хормонски пореметувања, хронична опстипација, пушење и претерано консумирање алкохол. Ревматските тегоби често се јавуваат и при промена на време или како последица на поголем физички напор.

Тегобите и болките може да се намалат и да се олеснат со јакнење на имунитетот и користење природни лекови, како што се масла од лаванда и кантарион, тинктури од лимон, рузмарин и див костен, раствор од камфор во нерафинирано маслиново масло, јаболков оцет, рен, листови од бреза и ѓумбир.

Болното место може нежно да се масира со тинктури, да се мачка со етерични масла во тенок слој, или на него да се ставаат облоги. Помагаат и чаеви од бела врба, див костен, нане, кора од бреза, мајчина душица, рузмарин и лавор.

Бела врба: Чајот од кора од бела врба содржи салицилати, односно растителен аспирин и е стар народен напиток за ублажување ревматски болки. Треба да се пие секојдневно по пола шолја наутро и навечер (до 2 дл), но не подолго од 21 ден. Прстофат иситнета кора од бела врба се става во вода која врие, па се трга од огинот и се остава да се излади и се цеди.

Ѓумбир: И ѓумбирот содржи супстанции кои дејствуваат како аспирин и ги намалуваат болките. Може да се консумира чај (се вари 2-3 минути, потоа се лади и цеди), но и како облоги. За облога треба да се изренда или иситни во блендер, па да се нанесе на болното место и се фиксира со платнена ткаенина. Облогите од ѓумбир ја подобруваат циркулацијата и ги шират крвните садови, па дејствуваат смирувачки.

Рен: Ренот е одличен за облоги, треба да се изренда и да се нанесе на болното место, кое потоа се замотува со чиста крпа. Облогата од рен може да се комбинира и со иситнет кромид. Облогата се држи 20 минути, а кожата потоа се измива со млака вода.

Пченица: Чајот од пченица е богат со витамини од Б-комплекс и е благотворен за ревматски тегоби. Се подготвува така што пченицата прво се мие во вода, потоа се препекува во тава со постојано мешање за да не загори. Потоа зрната се прелеваат со вода која врие, се варат 30 минути на тивок оган, потоа се ладат. Може по желба да се додаде мед и се консумираат наутро и навечер.

Мед и сенф: Мелемот од мед и сенф за ублажување ревматски болки се прави така што се мешаат по една лажица мед, лут сенф, сол и сода бикарбона, и се прави хомогена маса. Најдобро е смесата да се чува во стаклено тегличе во фрижидер. Болното место навечер се мачка со оваа мешавина, се обложува со најлон кесе и се поврзува со волнена ткаенина за да се зачува топлината. Облогата се држи до два часа, а потоа кожата се измива со млака вода. Процедурата треба да се повтори пет дена едноподруго.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>