Фармацевти
Контакт

<< Назад

Привлечноста на летото – деколте

јули 27, 2016

Магијата на женската убавинаКатарина Вијатов

Деколтето е дел од женското тело кое, секако, привлекува големо внимание и ги мами погледите како на мажите така и на жените – вечен симбол на женственост и мајчинство

Летото е вистинско време вашето потемнето деколте да дојде до израз, но, пред сè, со умереност доколку сакате да доловите сексапил и  елеганција во исто време. Секако, самодовербата е клучен фактор!

Нашите предлози се многу едноставни. Во само неколку чекори ќе бидете подготвени  за жешките летни денови и ноќи, а што е најважно, не е потребно да бидете мајстор на кројачкиот занает. Сè што ви е потребно се стари хеланки и две машки маици, а од трите вида деколтеа кои ви ги претставуваме одлучете се за омиленото.

  1. V деколте


Ефектно парче од летна облека ќе добиете со еден потег со ножички. Не е потребно да се одделите од старите еднобојни или во нашиот случај шарени хеланки, доволно е да ги преклопите и да ги поставите на рамна површина. Со ножици отсечете го делот помеѓу нозете во облик на триаголник и маицата со V деколте е подготвена.

  1. Срцевидно деколте


Облечете машка маица со V изрез па спуштете ја до градите, ракавите кои останале од страна завртете ги, а доколку претходно и ги сошиете, можат да послужат како џепчиња. Сè дополнете со сатенска лента или тенок ремен околу половината  и моделот туника со срцевидно деколте е готов.

  1. Рамно деколте


Обична машка маица претворете ја во фустанче. Откако ќе ја облечете, спуштете ја до градите и во овој случај ракавите префрлете ги и вовлечете ги помеѓу градите.

Она што ви преостанува е да го посетите орманот на некој од домашните од машки пол и да „позајмите“ маица, сигурни сме дека нема да се лути.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>