Фармацевти
Контакт

<< Назад

Прополис и мед

декември 1, 2016

Природни чувари на здравјетоЛејла Беговиќ

Прополис и мед користеле и во дамнешни времиња старите Грци, Римјани и Египќани, а се знае и дека мексиканските и централноамериканските Индијанци били искусни пчелари пред Колумбо. Денеска овие природни пчелини производи, исто така, се многу ценети поради своите терапевтски својства, зашто спречуваат инфекции, го обновуваат ткивото и ги заздравуваат раните, ги стимулираат епителните клетки на регенерација, имаат антибактериски својства, го намалуваат настанувањето на штетните радикали и друго.

Медот е идеален извор на енергија и природна, лесно сварлива храна, благодарение на тоа што во составот има 37 минерали, витамни Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, ПП, А, К, Е, фолна киселина, органски киселини, ароматични материи, поленови зрна, алкалоиди, колоиди, билни антибиотици, фитохормони и многу други корисни супстанции.

Прополисот е смолеста материја која ја произведуваат пчелите со мешање на билни супстанции кои ги собираат со восок и ензими за варење. Содржи флавоноиди (галангин, кверцетин, кемпферол, пиноцембрин итн.), кои се познати по антиоксидациските, антимикробните, антиинфламаторните и кардиопротективните ефекти.

Прополисот се смета за важно средство за превенција кај воспаление на уво, грло, нос, уста и дишни патишта, како и за јакнење на имунитетот. Корисен е во борба против настинка, грип и бактериски инфекции, за третирање на пародентоза, егземи, рани, херпеси и изгореници. Прополисот, покрај антибактериски, има и антивирусни и антигабични својства и во аптеките може да се набави во облик на тинктура, капки, спрејови, таблети, капсули, масти и креми, со претходна консултација со лекар или фармацевт за оправданоста и начинот на употреба на одреден облик.

Постојат неброено многу рецепти во чиј состав влегува медот. На пример, две лажици мед и една лажица јаболков оцет, помешани со два децилитри вода е корисен напиток наутро кој ја помага работата на цревата и ја подига енергијата. Кој има проблеми со варење може пред оброк да консумира лажица мед помешана со пола лажичка цимет. Овој напиток се прави така што четири лажички мед и една лажичка цимет се варат во шолја вода треба да се пие во мали голтки распоредени во текот на цел ден. Против исцрпеност се препорачува смеса од пола килограм мед, пола килограм мелени ореви и еден лимон, која треба да се консумира три пати на ден по една лажичка.

Вистинскиот мед ќе го препознаете по тоа што се кристализира, а на температура од 40 степени повторно станува течен. Исто така, кога неколку капки мед ќе истриете на дланка, вистинскиот мед не е леплив и личи на масло, додека кај вештачкиот мед се појавуваат кристали шеќер.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>