[vc_column width="1/1"]
Помош од природата
Милица Алексиќ
Глог, гинко билоба, див костен, како и невен, гавез и зелка, се само некои од растенијата кои влијаат на намалување на симптомите на проширени вени, како што се замор, оток на нозете, болка и слаба циркулација
Природата ни нуди многу растенија кои помагаат во лекување проширени вени, сериозна болест која започнува поради оптовареност на крвните садови и слаба циркулација, а ако не се лекува може да доведе до сериозни компликации како тромбоза.
Гинко билоба: Позната како природен антиоксидант, посебно се препорачува за „пајак“ вени (
telangiectasias), бидејќи ја зајакнува церебралната и периферната циркулација. Флавоноидите во составот на гинкото спречуваат таложење на наслаги на ѕидовите на крвните садови, што спречува затнувања.
Див костен: Есцинот е состојка на дивиот костен (
Aesculus hippocastanum), кој благотворно дејствува на намалување на отокот и болката кај проширените вени, зашто ги намалува воспалителните процеси. Генерално штити и против васкуларни оштетувања, зашто овозможува капиларните ѕидови да се помалку шупливи, а и добро штити и од УВ-зрачење. Се намалува задржувањето на течности, па со самото тоа и отекување на нозете и ги олеснува ноќните мускулни грчеви во нозете.
Глог: За јакнење на крвните садови и подобрување на периферната циркулација благотворен е глогот (
Crataegus laevigata), кој во народната медицина и меѓу траварите важи за чувар на здравјето на срцето и артериите. Неговите состојки флавоноиди (керсетин, рутин, витексин и катехини), минерали (калиум, магнезиум и калциум), невротрансмитерот допамин и пурин овозможуваат ширење на вените, го олеснуваат протокот на крвта и ја елиминираат слабата циркулација на крв во нозете.
Гавез: Гавезот (
Symphytum officinale) е благотворен кај сите проблеми со вените и циркулацијата во крвните садови, зашто има моќ да го регенерира ткивото и да ги ублажи воспаленијата. Лековитоста ја даваат етеричните масла, танинот, слузите, холинот и ретката супстанција алантоин, која помага при создавање нови клетки таму каде што постојат рани и повреди.
Зелка: Свежи и здрави листови од зелка помагаат во третман со проширени вени, го намалуваат отокот и воспалението, како и чувството на пецкање, па се препорачуваат за облоги, со менување на листовите кога ќе свенат.