Фармацевти
Контакт

<< Назад

Прво животно на Земјата

март 25, 2016

[vc_column width="1/1"]

Новите генетски и палеонтолошки наоди кои ги пронашле истражувачите од Масачусетскиот технолошки институт покажале дека најверојатно прво животно на светот е обичен морски сунѓер. До ова откритие дошле врз основа на трагите на поединечни молекули кои се наоѓаат во древните карпи, т.е. молекуларни фосили. Кога животното ќе умре и ќе почне да се распаѓа, тоа остава докази за своето постоење во вид на биомаркери и хемикалии, дури и кога нема да стане фосил. Во текот на истражувањата во големи количини е пронајдена хемикалија со холестан (C27H48) во карпи од камбриски период и постари. Оваа супстанција е липиден молекул или стерол, т.е. модифицирана верзија на холестерол, а познато е дека ја произведуваат сунѓери и неколку други организми кои се живи и денес. Со генетска анализа е откриено дека генот кај сунѓерите се појавил пред 640 милиони години.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>