Фармацевти
Контакт

<< Назад

Работа на компјутер

јули 1, 2017

Како да го сочувате видотд-р Љиљана Јуричиќ
спец. по офталмологија

Живееме во дитална ера! Благодарение на новите технолошки уреди, како што се компјутерите, паметните телефони, таблети и други интерактивни апарати, нашиот секојдневен живот драстично се промени. Можеме да комуницираме со драгите луѓе од  другиот крај на светот, да читаме електронски изданија на книги, да се забавуваме со виртуелни игри, да го збогатуваме знаењето преку Интернет и брзо да доаѓаме до релевантни податоци од најразлични области. Истражувањата покажуваат дека повеќе од третина од возрасните поминуваат од четири до шест часа дневно користејќи дигитални уреди, а од 15 до 17 насто дури меѓу 10 и 12 часа!

Замор на очите: Освен благодетите кои ни ги донесе новата доба, последиците од користењето на дигиталните уреди може да бидат негативни: замор на очите поради непрекинато фокусирање на екранот од непосредна близина и големи брзини на промени на сликите и текстот при работата. Чувство на сувост поради реткото трепкање, боцкање, објективно црвенило на очите, замаглен заматен вид, чувство на поспаност, главоболки и вртоглавици. Ако го изземеме некоригираниот вид на негледање близу како причина на некои од овие тегоби, пречките при користење на дигиталните уреди настануваат поради емитирање високоенергетско видливо сино светло, кое нормално е присутно и во дневното светло. Последиците настануваат како резултат на преголема изложеност на неговото дејство при концентрирана, долготрајна работа.

Спречување тегоби: Положбата на телото при работа со компјутер или некој друг електронски уред е многу важна. Потребно е да се држи растојание од екранот на лаптопот или компјутерот на оддалеченост на должина на испружена рака, значи 60-70 см. Паметните уреди (смарт телефон, таблет), треба да се држат под нивото на очите на оддалеченост од 30 до 35 см. Исто така, значајни се и квалитетот на екранот поради добриот контраст на подлогата и текстот, филтери за намалување на отсјајот на мониторот, како и поставување уреди спротивно/подалеку од прозорци за да се избегне рефлексија на екранот.

Техники на превенција: Здравјето на очите треба да се превенира со почесто трепкање, користење вештачки солзи (неутрални, без придружни ефекти и кумулативно дејство) и правење паузи во текот на работата секој час, барем 20-30 секунди. Исто така, со соодветна корекција на видот, добро одредена диоптрија за работа на компјутер, многу значајна улога има и изборот на стакла за очила. Денес достапни ни се т.н. канцелариски (office) стакла, креирани на тој начин да овозможуваат широко видно поле при гледање во екран од блиску, како и на средна оддалеченост од екранот (околу 50 см). Заштитните, антирефлекс слоеви ги ублажуваат отсјаите и го подобруваат контрастот, како и слоевите кои го неутрализираат синото светло (blue cut или blue control стакло), го намалуваат заморот на очите и опишаните тегоби. Овие видови заштита се достапни и на диоптриски и на стакла без диоптрија.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>