Без разлика дали е украсна, обична или од весници, хартијата е добар материјал за изработка на различни интересни и употребливи предмети за домот, како оваа корпа за сместување разни дребулии
Хартијата е благодарен материјал за креативно изразување, па овој месец ви предлагаме да направите украсна корпичка, користејќи материјал кој ги имате дома. Ако имате обичај да чувате украсна хартија, еве можност практично да ја искористите.
Од материјал и алат потребно е: украсна хартија (или страници во боја од некој стар магазин или весник), картон, лепило, молив, линијар, ножички и игла за плетење.
Постапка на работа во пет чекори:
Треба да се исече картон за дното на корпичката во саканата големина. Дното на нашата корпичка е 14 x 14 см.
Картонот обложете го со украсна хартија од двете страни. Ако картонот не бил доволно цврст, дуплирајте го, па обложете го со шарена хартија.
Исечете украсна хартија на ленти, така што должината секогаш да биде 40 см. Исечете 8 ленти со ширина 14, 15, 16 см. Имајте во вид дека ширината на лентите се зголемува за еден сантиметар во секој втор ред.
Околу игла за плетење завиткајте ја хартијата, а кога ќе дојдете до крајот, ставете лепило, залепете и извлечете ја иглата. Ова да се повтори со сите ленти од хартијата кои сте ги подготвиле.
По рабовите на дното на картонот ставете лепило и лепете по две ролнички, наизменично од левата и од десната страна.
Втората варијанта од оваа корпичка можете да ја направите од разнобојни пластични цевчиња, кои ќе ги користите наместо ролничките од хартија кои ги намотавте на иглата за плетење.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци