Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЦИМЕТ

јануари 14, 2015

[vc_column width="1/1"]Го намалува нивото на глукоза во крвтаCinnamomum zeylanicum Blume.
(Lauraceae) – цимет

проф. д-р Радиша Јанчиќ

Циметот има лековити својства, пред сè, поради антигабичното и антибактериското дејство на етеричното масло (го забавува расипувањето на месото), па не нè чуди неговата употреба како зачин за јадења од месо во тропскиот климатски појас. Дејствува поволно на органите за варење, ја намалува надуеноста, а поради присуството на танини, се користи и за спречување на дијареја во комбинација со други помошни средства. Се дава со кора од кинин за спречување на мачнина и повраќање.

Новите истражувања покажуваат дека циметот го намалува нивото на глукоза во крвта и го намалува крвниот притисок, што сè заедно дава ново светло за неговата традиционална употреба како зачин и дополнително зборува за потенцијалот на неговата примена.

Циметот е познат одамна. Во древниот Египет бил повреден од злато. Служел за подготовка на смеса за балсамирање и за подготовка на напитоци. Римскиот император Нерон ја запалил годишната залиха од цимет на клада при погребот на својата сопруга. Во Европа го донеле „крстоносците“ и бил ставан во казани за спојување на вкусот на месо со овошје. Заедно со ѓумбирот, циметот во средниот век бил еден од главните зачини, а питата од јаболка со цимет е стар рецепт кој датира оттогаш.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>