Фармацевти
Контакт

<< Назад

РАСТИТЕЛНИ ПИГМЕНТИ КОИ ШТИТАТ ОД БОЛЕСТИ

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

Флавоноиди

м-р инж. Немања Стојиљковиќ

На флавоноидите, кои ги има повеќе од 5 000, пронајдени во лисјата, семето, кората и цветовите на растенијата, им се припишува антибактериско, антиалергиско, антимутагено, антивирусно и антиканцерогено дејство, па се присутни и во облик на екстракти, сирупи, капсули, таблети, најчесто како диететски суплементи

Флавоноидите претставуваат многу распространети органски соединенија од растително потекло, кои ја сочинуваат најголемата група на растителни пигменти со различни нијанси на жолта боја (латински flavus = жолт). Хемиски, тоа се полифенолни соединенија, главно со мала молекулска маса. Името „флавоноиди“ во 1952 год. го предложиле Geisman и Hinseinner за детерминација на сите пигменти кои имаат одредена слична структура.

Распространетост и дејство: Флавоноидите генерално се нетоксични и покажуваат широк спектар на благотворни биолошки активности. Голем број лековити растенија содржат флавоноиди кои имаат изразена антиоксидативна активност. Затоа на флавоноидите им се припишуваат и многу тераписки дејства, како што се антибактериско, антиалергиско, антимутагено, антивирусно и антиканцерогено, а значително влијаат на бојата и вкусот на храната. Поволно дејствуваат на ѕидовите на капиларите, така што ја зголемуваат нивната еластичност и ја намалуваат пропустливоста, поради што во минатото биле сврстувани дури и во групата на витамини. Некои флавоноиди дејствуваат како коронарни вазодилататори, други се користат како антиинфламаторни агенси, диуретици и хепатопротективи. До денес се идентификувани повеќе од 5 000 флавоноиди, кои главно се пронајдени во лисјата, семето, кората и цветовите на растенијата, каде што имаат заштитна улога против ултравиолетовото зрачење.

Исхрана: Присутни во овошјето, зеленчукот и пијалаците, како што се чајот и црвеното вино. На количината на поединечните и вкупни флавоноиди во храната влијаат генетски фактори (видови), еколошки услови (светлост), зрелост и постапка после берење (преработка). Се верува дкеа токму флавоноидните (фенолни) соединенија влијаат на аромата на виното. Вкупната содржина на флавоноиди е најголема во црното вино, додека младото црвено вино содржи помал процент. Се претпоставува дека полифенолните антиоксиданти, како што се флавоноидите во црното вино, заедно со антиоксидантите од маслиново масло и свежото овошје и зеленчук, со кои е богата медитеранската кујна, можат да ја осигураат заштитата против коронарни болести на срцето.

Флавоноидите се апсорбираат во гастроинтестиналниот тракт на луѓето и животните и се излачуваат или непроменети или во облик на своите метаболити, во урината и фецесот. Бактериите од дебелото црево ги разложуваат до фенолни киселини, кои можат да бидат апсорбирани, коњугирани, излачени или метаболирани понатаму од бактериите.

Суплементи: Оваа група соединенија интензивно се испитува токму поради своите корисни ефекти по човековото здравје. Особено се испитува нивната улога во заштита од канцер. Постојат бројни докази дека ја инхибираат и карциногенезата. Со оглед на голем број благотворни особини флавоноидите се присутни на пазарот во облик на екстракти, сирупи, капсули, таблети, најчесто како диететски суплементи (додатоци на исхраната).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>