Фармацевти
Контакт

<< Назад

Разбудете ја фантазијата

мај 10, 2016

Пролетни алкиКатарина Вијатов

Со сите комбинации на облека, алките секогаш изгледаат ефектно. Какви и да се, широки или тенки, шарени или еднобојни, едноставни или екстравагантни, тие му даваат оригинален печат на вашиот изглед

И оваа сезона во многу колекции на накит во прв план се алките со различен облик, големини и бои. Модерни се како тенки така и широки модели на алки, украсени со светликави каменчиња, перли, ленти. Израдувајте се со нова алка, но нека овој пат тоа биде алка која вие сте ја направиле. Оваа пролет се дозволени сите бои и детали.

Ние направивме три различни алки. Од материјал користевме: перли, безопасни со средна големина, еластичен конец, ножички, отворач за лименки, свилена сатенска лента.

2Алки од перли
Потребни ви се околу 50 безопасни за изработка на една алка. Нанижете ги перлите на безопасните, така што на една безопасна да има перли само во една или  во повеќе бои. Ние за изработка на нашата прва алка нанижавме по една боја (жолта, розе и зелена) на секоја безопасна, а за изработка на втората комбиниравме бела и тегет боја. Потоа на еластичен конец нижете ги безопасните со перли така што ќе одат една до друга од страната на која се наоѓаат перлите. Кога сте нанижале доволно безопасни, заврзете јазол на крајот, а потоа спојте го со другиот крај на конецот.

Алка со сатенска лента
За изработка на оваа алка потребна ви е сатенска лента со дебелина од  1 см и должина од 80 см и 17 отворачи на лименки. Свиткајте ја лентата на половина, така што краевите ќе бидат еднакви, потоа едниот крај провлечете го низ првото, а другиот низ второто дупче на отворачот. Оставете малку лента на почетокот за да може тој крај да  служи за врзување на алката. Важно е лентата да ја провлекувате низ дупчињата на првиот отворач од горе кон долу, а низ другиот од долу кон горе, и така сè додека не дојдете до последниот отворач. Кога ќе дојдете до крајот, сатенската лента која ви останала, користете ја за врзување на алката во облик на машничка.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>