Што е дехидрација и кои се симптомите?Дехидрацијата подразбира загуба на електролити и вода од организмот, а може да биде предизвикана од дијареја (особено дијареја при патување, во зоните со топла клима), повраќање, покачена телесна температура, обилно потење или мокрење.
Се класифицира како блага, умерена или тешка, а се темели на тоа колку телесни течности се изгубени. Почетните реакции на телото се сува уста и силна жед, а во наредната фаза се јавува замор, вртоглавица, грчеви во нозете и рацете, мачнина и повраќање, покачена телесна температура, забрзана работа на срцето.
Терапевтски избор за правилен надомест на електролити
Пореметувањето на билансот на вода и електролити се сведува на примена на соодветна орална рехидрациска терапија и претставува еден од најголемите дострели на медицината во 20 век. Се спроведува со давање посебен напиток, урамнотежена мешавина на глукоза и електролити кои го забрзуваат заздравувањето на слузницата на цревата и го скратуваат времетраењето на болеста. Се препорачуваат и во превенција на дехидрација и одржување хидрација кај доенчиња, бебиња и возрасни и во сите други состојби кои се проследени со зголемена потреба за вода и електролити.
Во нашите аптеки се достапни рехидрациски прашоци, кои се раствораат во одредена количина зовриена и изладена вода, го содржат сето она што се губи со дехидрација, и што е неопходно да се надомести за нормално функционирање на организмот. Се препорачуваат и во превенција на дехидрација и одржување на хидрација кај доенчиња, бебиња и возрасни и во сите други состојби кои се проследени со зголемена потреба за вода и електролити. Со пријатен вкус е поради присуството на природната арома на банана. Rehydrosal претставува терапевтски избор за правилен надомест на електролити, додека слатките и газирани пијалаци доведуваат до влошување на симптомите поради премногу шеќери и не треба да се земаат.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци