Фармацевти
Контакт

<< Назад

Рецепти за цврсти и здрави нокти

февруари 25, 2016

[vc_column width="1/1"]Милица Алексиќ

Ноктите се своевиден прозорец на нашето здравје, тие може да бидат сигнал за различни болести, па треба да им се посвети посебно внимание, особено ако на нив се јавуваат промени, како лупење, кршење и губење на природниот сјај

Квалитетот и цврстината на ноктите може да се подобрат ако во организмот се внесува доволна количина есенцијални масни киселини, протеини и минерали кои влијаат на изградбата на ноктите. Силициумот, железото, сулфурот, цинкот, калциумот, како и витамините, од кои најважни се Б, Ц и Д, помагаат ноктите да бидат цврсти и здрави.

На тенките, суви и кршливи нокти може да се влијае со внесување намирници, како што се блитва, морков, зрнесто овошје, банани, козјо сирење, лосос, јаткасти плодови  и интегрални житни растенија. Блитвата, на пример, е богата со биотин (витамин Х) кој ги јакне слабите нокти, пилешкото месо е богато со протеини кои го враќаат природниот сјај на ноктите, морските плодови содржат цинк, кој е важен за имунитетот и сврзните ткива, а гравот во својот состав има железо кое е добар „борец“ против кршливост на ноктите.

Маслиново масло: На вата натапкајте малку маслиново масло, па секој нокот внимателно масирајте го наутро и навечер две недели. Масажата ја подобрува циркулацијата на крвта, а маслиновото масло, освен што негува и храни, ги хидрира ноктите.

Сок од лимон: За природен третман на суви и кршливи нокти треба да се измеша лажица сок од лимон со лажица маслиново масло, па оваа хранлива смеса да се става пред спиење на ноктите и да се стават памучни ракавици, за мелемот да дејствува преку ноќ.

Морска сол: Кршливите нокти склони кон пукање треба да се држат 10 минути во смеса од две лажички морска сол, лажичка лимонов сок и по две капки етерично масло од тимијан, пченични ’ркулци и лаванда.

Витамин Е: Овој витамин храни и навлажнува и помага кај проблеми на кршливи нокти, па со маслото со витамин Е треба да се масираат ноктите и кожата околу нив, најдобро пред спиење.

Масло од чаевец: Познато по антибактериските својства, маслото од чаевец се користи за масажа на ноктите во функција на превенција и третман на проблеми со габични инфекции. Резултатот се гледа по 2-3 недели.

Витамин Б12 и железо: Лупењето на ноктите е знак дека се дехидрирани и дека на организмот му недостигаат витамин Б12 и железо.

Бадемово масло: Сувите и кршливи нокти се знак дека им недостига хидратација, која се постигнува со мачкање со бадемово масло. Бадемовото масло треба да се користи по бањање, миење садови и слични активности, бидејќи тогаш ноктите се влажни и подобро впиваат. Третманот со бадемово масло е посебно благотворен за кожичката околу ноктите.

Рицинусово масло: Рицинусово масло помешано со маслиново масло, лажичка мед и две лажички мелени ореви е одличен пилинг за јакнење на ноктите и враќање на сјајот. По третманот рацете треба да се измијат со млака вода и да се намачкаат со хранлив крем.

За побрз раст на ноктите

Одличен природен лек за побрз раст на ноктите е лукот. Чешне или две лук треба да се изгмечат, а сокот да се помеша со неколку капки лимонов сок и етерично масло, па со четкичка да се нанесе на површина на нокотот. Не треба да се грижите за мирисот од лукот, бидејќи брзо испарува, а го покрива и етеричното масло. Лукот ги зацврстува ноктите, ги јакне, а подобрувањето е видливо по неколку недели.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>