Фармацевти
Контакт

<< Назад

РЕВМАТСКИ БОЛЕСТИ

јануари 26, 2016

[vc_column width="1/1"]

Диеталната исхрана како лек

Ана Николиќ

Правилната исхрана може да ја спречи појавата на многу болести, а пропишаната диета од страна на лекар да помогне во лекувањето на настанатите здравствени проблеми

Кај ревматските болести исхраната е многу важна, па пациентите мора да обратат внимание на снабдувањето на организмот со доволни количини витамини и минерали. Исто така, многу е важно да се избегнуваат намирници кои можат да предизвикаат претерана количина мочна и млечна киселина, како и повисоко ниво на холестерол во крвта, како црвено месо, чоколадо и слатки, кафе, соја.

Течност: Задолжителна дневна доза е два и повеќе литри течности, во кои се вбројуваат и негазираната минерална вода, незасладените билни чаеви и природните сокови од овошје и зеленчук. Особено се препорачуваат сок од домат, кој е богат со минерали, сок од морков, како и сок од компир, кој има добра особина да ја врзува мочната киселина.

Сок од компир: Секој ден треба да се испие свежо исцеден сок од еден компир, средна големина. Вкусот на сокот од компир може да се подобри со додавање свеж лимонов сок или некое друго овошје.

Салицилна киселина: За да ублажат болките и воспаленијата на зглобовите, на пациентите им се дава салицилна киселина, која ја има во свежи и суви сливи, гројзе, кајсии , тиквици, пиперки, маслинки, кисела зелка, сенф, бадеми, тиква и во кората на врбата.

Чај од врба: Се прави така што три дела сушена кора од врба, два дела сладок корен (Glycyrrhiza glabra) и изгмечен лук се преливаат со вриена вода и се оставаат 20 минути. Изладениот чај треба да се процеди, па да се зачини со свеж лимонов сок.

Сулфур: За регенерација и заздравување на коските, ’рскавицата и сврзното ткиво важен е сулфурот. Го има во лукот и кромидот, сенфот, месото од живина, рибата и јајцата.

Хистидин: Аминокиселината хистидин е благотворна за отстранување на вишокот метали од организмот, а се знае дека голем број луѓе кои боледуваат од ревматски болести имаат висок процент на бакар и железо во телото. Оризот и зобот содржат хистидин.

Омега-3 масни киселини и силициум: Воспалителните процеси на ревматоидниот артритис ги намалуваат омега-3 масните киселини. Силициумот помага во одржување на еластичност на зглобовите, па треба да се консумираат намирници богати со растителни влакна.

Цинк: Доволни концентрации на цинк во организмот и адекватен внес го намалуваат ризикот од ревматоиден артритис. Недостигот на цинк во исхраната го зголемува ризикот од појава на воспалителни процеси на сврзното ткиво, како и ревма. За да се обезбеди адекватен внес на цинк, треба да се внесат мешунки, интегрални житни растенија, тиква и семки од тиква.

Витамин Б3: Ги ублажува болките и ја обновува еластичноста на зглобовите. Го има во мешунките, зеленчук со зелени листови, кикиритки, риба, млечни производи.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>