Фармацевти
Контакт

<< Назад

Saccharomyces boulardii – многу повеќе од обичен пробиотик

јуни 1, 2025

Сѐ повеќе слушаме за пробиотиците и нивниот бенефит врз нашето здравје. Прво помислуваме на „добрите“ бактерии и нивното значење за нормална дигестија на храната, здравиот метаболизам, како и одржувањето на нашиот имунитет. Но, во последно време една габа сѐ повеќе доминира во светот на пробиотиците и полека го зема приматот од бактериите како најупотребуван пробиотик. Станува збор за Saccharomyces cerevisiae var.boulardii, квасна габа која има повеќекратно полезно дејство врз човековиот организам. Таа е еден од најдобро истражуваните пробиотици во светот, со многу клинички докажани ефекти.

Што прави таа всушност кога ќе се најде во нашиот организам и кој е механизмот на дејство со кој таа му помага на нашето здравје? Одговорот не е едноставен, оваа габа преку низа сложени процеси овозможува подобро функционирање пред сѐ на дигестивниот, уринарниот и имунолошкиот систем.
Saccharomyces boulardii сѐ повеќе е дел од пробиотските препарати (единечно или во комбинација) кои се даваат за третман на дијареа од различно потекло. Тоа е поради одличните карактеристики кои ги поседува:
• Има оптимален раст на телесна температура - 37 °C
• Го преживува трансферот низ сите делови на дигестивниот тракт
• Отпорен е на ниска pH-вредност и на жолчните соли
• Природно е отпорен на антибиотици!
• Не го колонизира дигестивниот тракт – се елиминира од фецесот по 3-5 дена од прекинот на употребата
Притоа, позитивното дејство го покажува на повеќе начини:
1) Инхибиција на токсини- преку блокирање на рецепторите за бактериските токсини и директно разградување на бактериските токсини
2) Антимикробно дејство- директно го инхибира растот на патогените и ги зачувува меѓуклеточните дејства
3) Имуномодулатор- ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство)
4) Закрепнување на нормалната цревна микрофлора- овој пробиотик значајно го намалува периодот на заздравување на цревната микрофлора по третман со антибитици.
5) Зачувување на метаболичките активности- позитивно влијае на метаболизмот на колонот преку зголемување на концентрацијата на кратко ланчаните масни киселини.
Saccharomyces boulardii има позитивен ефект врз намалувањето на колонизацијата на H. pylori во човечкиот гастроинтестинален систем, иако не е способен за негово искоренување кога се користи како единечна терапија. Повеќе студии покажуваат дека суплементацијата на S. boulardii на стандардната терапија за искоренување на H. pylori значително го зголемува процентот на ерадикацијата и ја намалува инциденцата на гастроинтестиналните несакани ефекти за време на терапијата.
Уште едно дејство на оваа габа кое сѐ повеќе се искористува е нејзината „антимикробна“ способност. Имено, таа го намалува бројот на патогените ешерихија коли бактерии во дигестивниот систем. Со својата леплива надворешна обвивка на која се прикачуваат ешерихија коли бактериите таа помага да се отстранат од телото. Со ова таа ја неутрализира ешерихија коли во цревата, ја намалува популацијата на таа бактерија во телото и го спречува нејзиното ширење во уринарниот тракт. Со овој механизам на дејство Saccharomyces boulardii си го обезбеди своето место и во природните препарати кои се користат при третман на уринарни инфекции.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>