Фармацевти
Контакт

<< Назад

Сам свој фризер

август 25, 2015

[vc_column width="1/1"]

Супер пунџа за 5 минути

Катарина Вијатов

Романтичните и шармантни пунџи станале моден тренд во половината на 20 век, кога ги носеле ѕвезди како Грејс Кели, Ким Новак и Одри Хепберн и до денес не се излезени од мода

Во долгата историја на женски фризури пунџата зазема почесно место, не само зашто со векови ја носеле припадничките на кралските семејства и славни личности, туку и бидејќи така собраната коса изгледа уредно и убаво и го истакнува женското лице.

Пунџата е практична, отмена, женствена и универзална фризура, може да се носи во секое време од денот, на работа, на излет и во свечени прилики. Затоа, ако имате долга коса, која некогаш ви пречи, или просто сакате промена, BETTY магазинот ќе ви покаже како за неколку минути, без одење на фризер, да направите романтична, шармантна пунџа. Сè што ви треба е чешел, еластичен сунѓер со дупка во средина (личи на крофна со дупче во средината) и малку вештина. Ако немате еластичен сунѓер, кој се купува во продавници кои продаваат украси за коса, можете да го направите сами од еластични чорапи, на кои сте го исекле делот за прсти, па сте ги свиткале во ролна. Важно е чорапата да е растеглива и низ неа лесно да се провлекува косата. Еластичниот круг служи околу него да ја намотате косата и да направите тркалезна, полна пунџа, на врвот на главата, или позиционирана пониско на тилот.

Косата прво треба да се расчешла, а потоа со прстите да се собере во опавче. Еластичната лента од чорапа или сунѓер растегнете ја на средина и ставете ја како ластиче на косата, па повлечете. Потоа косата од опавчето разделете ја и раширете ја околу лентата додека целата не ја покриете. Потоа косата кружно бутнете ја и притискајте ја под лентата и зацврстете ја од сите страни со шноли. Ако сакате поопуштена варијанта, слободно извлечете неколку прамени.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>