Фармацевти
Контакт

<< Назад

САМ СВОЈ КОЗМЕТИЧАР

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

Здрави маски од домашните залихи

Катарина Вијатов

Генерално правило е дека здравите намирници кои ги внесуваме во организмот можат во свеж облик да се користат во маски за лице, зашто изобилуваат со витамини, минерали и хранливи состојки кои можат да ѝ помогнат на проблематичната кожа да се опорави, на уморната и набрана да изгледа посвежо и позатегнато, на масната да го изгуби непријатниот сјај, на сувата да се хидрира и да биде мека и мазна

Лесно достапните намирници од фрижидерот и шпајзот се одлична „прва помош“ за негување на лицето. Доволно е да се следат неколку основни правила, од типот дека свежите круши ги собираат порите,
„месото“ од тиква го чисти лицето, морковот, краставицата и пирето од печени јаболка подмладуваат и освежуваат, а белото грозје, преполно со витамини А, Б, Ц и Е, минерали, незаситени масни киселини и полифеноли ја штити кожата од стареење.

За октомврискиот број подготвивме четири маски, од какао, павлака, круша и зелена глина, која е сертифицирана и за орална употреба. За матење користевме дрвена лажичка и порцелански садови, а моделот пред нанесување на маската добро го исчисти лицето. Маските се држат 15 минути, а потоа се измиваат со млака вода.

Какао маска за сува кожа:
Главната состојка на оваа маска е какао во прав (две лажички), на кое додадовме две лажички мед и млеко и неколку капки маслиново масло. Какаото е богато со антиоксиданти, помага во обновување на оштетените клетки на кожата и ѝ дава свеж изглед.

Круша за проширени пори:
За масна кожа со проширени пори одлична е маската од круша. Ние згмечивме зрела круша, додадовме две лажици лимонов сок и измешавме. Минералите од ова овошје помагаат во неутрализација
на киселината и регулирање на pH рамнотежата на кожата.

Зелена глина за омекнување на кожата:
Оваа маска се користи за подобрување на тонусот, лекување акни, омекнување и зголемување на еластичноста на кожата. Ја направивме во стаклена чинија, така што две лажички зелена глина измешавме со лажичка вода и неколку капки маслиново масло.

Павлака за подмладување на кожата: Лицето треба да се намачка со слој од павлака, да се почека пет минути да се исуши, па да се намачка уште еден слој и да се држи 10 минути, па да се измие. Павлаката брзо ја освежува кожата и ги отстранува трагите од замор од лицето.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>