Фармацевти
Контакт

<< Назад

СЕКОГАШ ДОСТАПНИ ЗАЧИНИ

ноември 1, 2018

Убаво и практично

 

Деталите се она што на вашиот дом му дава единствен, препознатлив изглед. Со малку фантазија, вашата кујна ќе биде истовремено и убава и функционална.

 

Автор: Светлана Сушиќ

 

Сите кои сакаат да го поминуваат слободното време покрај шпоретот подготвувајќи вкусни кулинарски специјалитети, како и оние кои не се толку вљубени во готвењето но тоа им е неопходно, се соочуваат со исти предизвици. Ги знаете оние ситуации во кои се присетувате дали ориганото сте го ставиле покрај чаевите или во фиоката со зачини. Се разбира дека најчесто се случува додека да откриете каде се крие тоа што го барате, нешто несакано да се случи со содржината на тавата која сте ја оставиле на најсилен оган. Добро организиран работен простор е многу важен кога сакате одредена работа да ја завршите што побргу, што поуспешно и што повкусно.

 

Старите теглички може да претставуваат решение за складирање зачини, кои најчесто ги користите, на достапни и видливи места. Со малку фантазија тие може да станат интересен украс за фрижидерот, сместен покрај сите оние магнети донесени од летувања и други патувања.

 

Чекор 1

Подгответе сè што ви е потребно за работа. Тоа се: празни, измиени и добро исушени теглички, украсени со самолеплива хартија во боја, ножички и самолеплива магнетна лента.

 

Чекор 2

Измерете ја ширината и должината на самолепливата хартија во боја која е потребна за да ја обвиткате тегличката.

 

Чекор 3

Исечете ја хартијата според обележаните димензии.

 

Чекор 4

Залепете ја хартија на тегличката.

 

Чекор 5

Измерете парче самолеплива магнетна лента која одговара на капачето на тегличката и исечете го.

 

Чекор 6

Залепете ја магнетната лента на капачето, наполнете ја теглата со зачин, затворете ја и ставете ја на вратата на фрижидерот.

 

Напомена

Самолеплива магнетна лента најдовме во продавница која продава хоби програма. Доколку не ја пронајдете, можете да користите и обични магнети наменети за изработка на украси за фрижидери. Прицврстете ги за капачето со помош на суперлепило. Можно е да се пронајдат и неодиумски магнети кои се одликуваат со исклучителна јачина во однос на димензијата. Тие ќе ви дадат дополнителна сигурност во изработката на овој практичен кујнски украс. Стаклените теглички можете да ги замените со пластични.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>