Скриена во карпи, на југозападот на Колорадо, се наоѓа древната археолошка населба Меса Верде (на шпански „зелена плоча“). Меса Верде е уметничко дело на градителството и доказ за животот на изгубената цивилизација, која во 13 век ја изградиле Анасазите, што на навахо јазик значи „древен народ“. За културата на овој народ не се знае многу, познато е дека собирале растенија, одгледувале пченка, грав и тиква и имале исклучителни знаења од математика, бидејќи го конструирале Храмот на Сонцето користејќи златен песок и геометриски фигури. Во националниот парк Меса Верде денес постојат околу 600 зачувани куќи во карпи, а една од населбите се нарекува Кањон на песок.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци