Фармацевти
Контакт

<< Назад

Сена

јули 27, 2016

Природен лаксативпроф. д-р Радиша Јанчиќ
Cassia angustifolia Valh. (Fabaceae) – сена

Сена или мајчин лист е вид кој расте како грмушка, со сложени листови во вид на перја кои се во пар. Листовите се елипсовидни до јајцевидни, со зелено-жолта боја, со зашилен врв. Зигоморфните жолти цветови се собрани во растресени гроздови на врвот на гранките. Плодот е мешунка со 6-8 семки.

Cassia angustifolia расте во пустините на Арабија и Азија. За добивање дрога се одгледува во Пакистан и Индија. C. acutifolia Del. (Syn. Senna alexandrina Mill) од северните области на Африка, исто така, е позната под името сена.

Во Еберсовиот папирус, напишан во 1550 година пр.н.е., наречен според научникот кој го открил, се именувани околу 800 лековити средства меѓу кои е и сената (Cassia sp.).

Сената е корисна кај запек, иритабилен цревен синдром, а во чајните мешавини се применува и за чистење и редукција на телесната тежина. Листот од сена одамна е познат како лаксатив. Ефикасно го стимулира празнењето на цревата, а дејството е 6-10 часа по употреба. Влијае на зголемено излачување на калиум, па во случај на предозирање доаѓа до појава на грчеви во стомакот. При долготрајна примена доведува до загуба на природното движење во цревата и појава на „мрзливи црева“.

Чај од исушен лист од сена се применува кај опстипации и претставува силен лаксатив. Понекогаш се користи и плодот – мешунка. За физиолошкото дејство се одговорни сена гликозидите – сенозиди А и Б. Овие органски супстанции ја зголемуваат секрецијата во желудникот и перисталтиката на цревата што ја поттикнува лаксацијата.

Чајот од сена се пие навечер пред спиење, една шолја. Не треба да се консумира постојано, бидејќи може да доведе до создавање навика, па цревата може да го изгубат природниот рефлекс за перисталтички движења, односно нивно празнење. Поради тоа, вообичаено е да се користи 3 дена до една недела, а за подолга употреба треба да се консултирате со лекар или фармацевт.

Иако многу корисна, сената треба да се избегнува во случаи на разни облици на опструкции, улцерации и воспаленија на органите на дигестивниот тракт (Кронова болест, улцеративен колитис, абдоминална болка од непознато потекло, крвавења од ректумот). Не е препорачлива за деца помали од 12 години. Кај трудниците и доилките може да доведе до појава на грчеви.[vc_column width="1/2"][vc_column width="1/2"]ПрепоракаBETTY SENNAE TEA е билен чај од листови од сена со пријатен мирис и благ горчлив вкус. Свежо подготвената шолја чај испијте ја навечер пред спиење и поттикнете ја перисталтиката на цревата.

Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвивка која дополнително ги чува свежината и мирисот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>