Фармацевти
Контакт

<< Назад

СЕПТЕМВРИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

август 23, 2016

Поаѓање во училиштед-р Радмила Косиќ
педијатар

Училишните денови од секое дете прават ученик кој низ секојдневното престојување во клупа стекнува безброј вештини, како и пријатели за цел живот, поаѓањето во училиште е нормален и задолжителен редослед на случките во растењето, а на вас е да се потрудите вашето дете да стекне позитивен став за знаењето и образованието

Поаѓањето на училиште е голем ден за секое дете и семејство. Ако детето оди во градинка, последната година ќе ја помине во претшколска група, која во рамките на дневниот распоред на активности има и занимавање со бои, бројки, букви, облици, мерки. Би било корисно детето да оди во градинка макар во овој период, зашто навикнувањето на колективно учење низ игра и дружење во големата група со врсници ќе го подготви за училишните права и обврски.

Детето го чека своето право да се нурне во светот меѓу корици од книги, да научи да чита, пишува и пресметува, да ги открие своите интереси, склоности и способности, како и обврски да ги почитува учителите, другите деца, времето на траење на часот и правила на однесување во училиштето. Некои деца се приспособуваат полесно, некои потешко го поднесуваат одвојувањето од дома, некои веќе знаат да читаат, а други, сепак, повеќе ги привлекува паркот. Сеедно, училишните денови од секое дете ќе направат ученик кој низ секојдневниот престој во клупа ќе стекне безброј вештини, како и пријатели за цел живот. Поаѓањето во училиште е нормален и задолжителен редослед на случките во растењето. Потрудете се вашето да стекне позитивен став за знаењето и образованието.

Комплетен систематски преглед
Подготовките за запишување во училиште подразбираат проценка на психофизичката способност за следење на наставата. Доколку редовно сте го носеле  на систематски и контролни прегледи кај избраниот педијатар, до тргнување во училиште веќе сте провериле дали добро гледа и слуша, како му се развиваат 'рбетниот столб и стапалата, дали правилно зборува и дали има некоја хронична болест.

Пожелно е пред тргнување во училиште да се изврши детален систематски преглед и да се комплетира вакцинацијата според задолжителен и препорачан календар за возраста на детето. Проверка на видот, крвната слика, мерење на крвниот притисок, преглед од стоматолог и физијатар ја комплетираат сликата за добрата здравствена состојба на идниот ученик.

Доколку вашето дете има некоја хронична болест или посебни потреби, навреме определете се за соодветна програма или училиште – право на образование има секое дете според своите способности. Психолошкото тестирање во училиште  искористете го од стручно лице да го дознаете она што мислите дека веќе најдобро го знаете – кои му се „слабите точки“ во однос на училишните вештини и престој во колективот. Ќе ви биде полесно да го следите напредувањето или да побарате помош навреме. Не се двоумете дали да се распрашате за сите можности за поддршка од педијатар, педагог и психолог. Сите тие заедно со родителите се на иста задача – на секое дете да му дадат најдобри услови за напредување во текот на школувањето.

Доколку е можно, добро е детето да оди во најблиското основно училиште. Тоа ќе овозможи многу брзо да се осмели да оди само во училиште со друштвото од населба, по познат, скратен пат. Првиот училиштен ден ќе препознае познати лица од градинка или парк, тоа ќе му ги олесни првите денови и ќе ја намали несигурноста во непознато опкружување.

Доколку сте ги искористиле августовските денови да прошетате со детето до училиштето за да го запознае училишниот двор, ходниците и училниците, ако сте му ги покажале клупите и таблите, сте го подготвиле повеќе отколку веќе да ја научило таблицата за множење.

Споредете го траењето на часот со траење на познат цртан филм или игри, научете го што е одмор и за што служи. Доколку се определите за останување на детето во дневен престој, споредете со останување во градинка, каде ќе ги заврши сите домашни задачи и ќе има доволно време за игра дома. Познато опкружување и познати лица многу ќе му значат во текот на првата година од школувањето.

Мали работни навики
Не сте ни свесни дека веќе сте го подготвиле за училиште доколку сте ги развиле малите работни навики и обврски (првачето би требало само да го мести својот кревет, само да се бања, чешла и правилно да ги мие забите, да ги средува играчките, да го мести столот, да го шета кучето итн.). Сте вежбале броење преку прашањето „колку коцки чоколадо веќе изеде“, а мерење преку заедничко одење на пазар. Сте го запознале светот околу нас преку „зима е кога паѓа снег, а лето кога одиме на море“. Возењето со лифт го научило што е горе, а што долу, одењето во вода ја покажало разликата помеѓу плитко и длабоко.

Секоја боенка е вежбална за фина моторика, а секоја друштвена игра вежба за логично расудување и почитување на останатите учесници. Лесно ќе научи да чита, да пишува и да смета ако има желба и трпение да ги почитува учителот и останатите деца во одделението. Научете го да воспоставува и да одржува друштвени врски и непознатото да не го прифаќа со страв. Не постои материјал кое просечно дете со позитивен став кон училиштето нема да го совлада, а да не му остане доволно време за игра.

Заедно опремете го работното катче, без голем организациски и финансиски напор. Познавам признати стручњаци од разни области кои завршиле големо образование работејќи ги домашните задачи на мала кујнска маса. Организирајте го работниот простор според можностите, важно е само детето да ги усвои обврските за учење и пишување домашни задачи на исто место, во договорено време, самостојно или со ваша мала помош. Нека го одржува редот помеѓу книгите и учебниците, а вие редовно контролирајте дали понело повеќе (ранецот ќе биде непотребно тежок) или помалку од потребно.

Од повеќе не боли глава туку грб! Познат проблем е настанување деформитет на 'рбетниот столб поради тежината на училишните торби и неправилно држење. Ранецот одберете го заедно, вие бирајте ја големината, обликот и „статиката“ на грбот, а нему дозволете му да одбере боја, слика или некој детаљ. Нешто ново од облека и обувки ќе го направи одењето во училиште уште позначајно. Најдете компромис помеѓу желбите и можностите, кој се вклопува во неговата нова долгогодишна професија – ученик!

Сепак, најзначаен е токму вашиот однос кон важноста на овој септември во семејството! Доколку вашиот училиштен период бил „најубав период од животот од кој потоа со години сте заздравувале“, не значи дека такво искуство го чека и вашето дете. Во училиштето ќе го оценуваат и проценуваат, вие дома постојано ќе му докажувате дека успехот не влијае на бескрајната љубов која му ја давате.

Позитивно за учењето
Ослободете се себеси и детето од предрасуди поврзани со училиштето, позитивен став за учење и стекнување разни вештини кои треба да ги задржи долга низа години кои ќе ги помине во училница. Препознавање на талентот и способностите без училиште не е можно, тоа е начин детето да се подготви за живот и да ја избере вистинската професија.

Забележете неуспех, пофалете успех и побарајте помош доколку не се снајдете сами во замката на современиот начин на образование. Со вас неговиот свет е сигурен. Со поаѓање во училиште ништо битно не се менува – секој ден од училиште ќе донесе дел од новиот свет кој го чека. Радувајте му се на светот на знаење и вештини кои треба да се совладаат и усвојат, да одбере професија и да порасне.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>