Необични, а едноставни, достапни на сите, шишарките можат да бидат интересен избор за разни видови декорација, без разлика дали ги користиме само нив или ги комбинираме со други предмети
Декември е месец кога вистинската зима штотуку почнува, но и кога внесуваме топлина во нашиот дом подготвувајќи и украсувајќи го за претстојните празници. Ви предлагаме прво да би посетите парковите кои ви се во близина и да соберете шишарки, а потоа почнете да работите на неколку идеи кои ви ги претставуваме.
Венец за врата ќе направите брзо и едноставно со помош на закачалки од жица за гардероба. Шрафчиња со кука зашрафете ги во шишарките и обојте ги со бела темпера, а закачалката одмотајте ја и направете од неа правилен круг. Шишарките нижете ги на закачалката и на крајот жицата замотајте ја околу куката, која можете малку да ја скратите со клешти за да не се гледа. Овој венец посебно може да се разубави и освежи со сатенска лента во вашата омилена боја.
Со помош на гранчиња од елка и малку црвени лентички добиваме уште еден новогодишен украс за врата. Гранките од елка врзете ги со коноп и низ кукичките, кои претходно, исто така, сте ги зашрафиле во шишарките, протнете потенки лентички и врзувајте ги за гранките. На крајот додадете црвена панделка со која ќе го обвиткате овој украс.
Симпатичната елкичка за вашата полица или маса е готова за само неколку минути. Обојте ја шишаркате со зелена темпера, а краевите со бела. Залепете ја на тапа од плута која можете да ја обвиткате со кафена лентичка за да добие изглед на стебло.
Нека оваа година новогодишното волшепство тргне од вашите влезни врати и ви внесе топлина и радост во вашите срца веќе на првиот чекор.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци