Научниците од шкотскиот Универзитет во Абердин откриле дека за синдромот на скршено срце нема лек. Синдромот на скршено срце прв пат е опишан во Јапонија во 1990 како состојба која ја поттикнува стресот предизвикан од загуба на член на семејство или пријатели, но и раскинување на љубовна врска, кој повеќе ги погодува жените отколку мажите. „Не постои терапија за оваа состојба“, тврдат шкотските истражувачи кои 4 години го проучувале овој синдром кој во медицината се нарекува Такоцубо стресна кардиомиопатија (ТСМ). Пациентите кои боледуваат од ТСМ може да имаат болки во градите, иако блокади во коронарните артерии нема.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци