Освен што се извонредно вкусни, сирењата може да имаат и многу позитивно влијание на нашата севкупна здравствена состојба.
Автор: Билјана Божовиќ
Веќе подолго од десет милениуми човештвото ужива во сирењата. Прикази за правење сирење се откриени на цртежите од стариот Египет, а преработувањето на млекото во сирење се спомнува и во грчката митологија. Веќе во римска доба сирењата биле исклучително популарни, а таа популарност не се намалува до денешните денови. Не се знае точно потеклото на вистинското сирење, но е познато дека старите народи го користеле како одличен начин за чување на хранливите состојки од млекото.
Видови сирење
Постојат илјадници различни видови сирења. Тоа што им е заедничко е дека настануваат со ферментација на млеко. Млекото може да биде кравјо, овчо, козјо, а се користи и од бивол, понекогаш дури и магарешко. Сирењата може да бидат свежи или полузрели и зрели. Планетарна препознатливост доживеале сирењата од типот фета, гауда, рикота, пармезан, чедар, маскарпоне.
Богатство од хранливи материи
Сирењата содржат протеини, јаглехидрати, заситени масти, калциум, натриум, фосфор и бројни други нутриенти. Бидејќи се ферментиран производ, тие имаат и пробиотска функција. Содржината на овие состојки варира во зависност од видот на сирењето и степенот на неговата зрелост.
Здравствени бенефити од уживањето во сирења
Сирењата се богати со калциум кој игра важна улога во одржување на здравјето на коските и забите. Овој елемент е, исто така, многу важен за регулирање на крвниот притисок. Студиите покажале дека кај луѓе со прекумерна тежина се покажува недостиг на калциум во наодите, што зборува во прилог на тоа дека сирењата се задолжителна состојка за здрава диета. Секако дека преодот на кој било режим од диетална исхрана подразбира консултација со лекар.
Многу сирења, и покрај содржината на натриум и масти, може да имаат позитивно дејство на здравјето на крвните садови. За ова е одговорен антиоксидантот глутатион кој е составен дел на листата на добри состојки на сирењата. Омега 3 заситените масни киселини присутни во сирењето, исто така, имаат значајна улога во одржувањето на нормалната функција на кардиоваскуларниот систем. На регулацијата на нивото на холестерол влијае и пробиотското дејство на сирењата.
Протеините со потекло од сирење се одличен градбен материјал неопходен за нормално функционирање на процесите во клетките. Тие, исто така, претставуваат одлична дополна во исхраната кај лица кои не консумираат месо.
Благотворно дејство сирењата имаат во спречување на настанување на остеопороза, намалување на ефектот на стрес преку своето позитивно дејство на нервниот систем, како и во подигање на општите имунолошки способности на организмот. Интересно е дека одредени видови сирења можат да ги консумираат и лица интолерантни на лактоза.
Колку и кога да се јадат?
Постарите и позрелите сирења се обично побогати со натриум па би требало да се обрне внимание на тоа да не претеруваме за да не ги уништиме позитивните ефекти. Истото важи и за полномасните сирења. Сирењата со своето богатство на вкусови успеале да се изборат за незаобиколно место во сите сегменти на оброците, од лесна ужинка до богат ручек. Консумирајте ги умерено и редовно, така ќе го добиете најдоброто од нив.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци