Фармацевти
Контакт

<< Назад

СЛАБА ПЕРИФЕРНА ЦИРКУЛАЦИЈА

јануари 3, 2017

Проблем кој не треба да се игнорираЛејла Беговиќ

Причините за ладни нозе и раце може да бидат генетски, но и физичката неактивност, вишокот килограми, како и вршењето работи кои бараат секојдневно повеќечасовно стоење, односно седење. Која и да е причината за слаба периферна циркулација, која најчесто се манифестира со ладни екстремитети, проблемот не треба да се игнорира, туку треба да се консултира специјалист на интерна медицина, кој може да го упати пациентот на магнетна резонанција, ултразвук, односно колор-доплер.

Лошата циркулација на нозете и рацете, ладни стапала и шаки, чувство на трнење, па дури и болка не треба да се занемарат, туку треба да се ориентираме и кон самопомош со физичко вежбање, редовни прошетки, здрава исхрана богата со влакна и пиење доволна количина вода. Сè тоа ќе придонесе на организмот да му се обезбеди доволна количина кислород, витамини, минерали и други хранливи материи. Причина за слабата циркулација може да биде и стрес, но и прекумерен внес на сол.

Вежби: Секојдневната физичка активност е важна. Тоа може да биде вечерна прошетка од 30 минути, пливање, трчање, јога или аеробик два пати во неделата, како и едноставни  вежби за стапала додека гледате телевизија, на пример, како тркалање тениско топче со боси стапала или возење собен велосипед.

Хидротерапија: Наизменично туширање со ладна и топла вода е познато средство за поттикнување на циркулацијата. Можете да ги туширате само стапалата, но и целото тело.

Дишење: Иако дишењето е природен и спонтан процес, често дишеме плитко и неправилно, што го намалува дотокот на кислород во организмот. Трудете се што почесто да вдишувате воздух длабоко, а потоа полека издишете.

Исхрана: Намалете го внесот на кофеин, сол, шеќер, бело брашно, индустриски месни преработки и грицки, рафинирано масло и конзервирана храна. Јадете повеќе овошје, зелен и црвен зеленчук, а посебно лук, бидејќи го намалува ризикот од атеросклероза. Се препорачуваат и интегрални житни растенија, риба, пилешко и јаткасти плодови, кај кои дневната количина не би требало да надминува 50 грама. Во решавање на проблемите со слабата циркулација и синдромот на ладни нозе и раце помагаат и многу билки како што се гинко, глуварче, бел глог, рузмарин, ѓумбир, цимет, семки од тиква, ким и други, кои може да се комбинираат во различни облици како чаеви, тинктури и разни препарати. Битно е секојдневно да внесувате доволно витамини А, Ц, Д, Е, К и Б-група и минерали како магнезиум, цинк и селен.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>