Припадниците на кинескиот народ Хак веќе речиси илјада години сложно живеат во големи земјени згради кои се нарекуваат тулоу. Во централниот дел од зградата се наоѓа отворен простор. Најголемите имаат до пет ката, а ѕидани се така што ги исполнуваат сите потреби на жителите. Повеќето од овие градби биле напуштени за време на периодот на индустријализацијата, но нивните жители се вратиле по порастот на туристичкото интересирање за зградите. Она што најмногу им недостигало во текот на животот во градот било чувството на припадност кон заедницата. Вкупно 46 тулоу згради се ставени под заштита на УНЕСКО.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци