Фармацевти
Контакт

<< Назад

Снежни крцкави колачиња

јануари 3, 2017

За послатки и посреќни моментиБојана Бугарски

Новогодишните празници за многумина од нас претставуваат најубав дел од годината. Период кога сите се трудиме да бидеме со своите најмили, да подариме внимание на оние кои тоа го заслужуваат, а за кои во текот на годината немаме време. Поради секојдневните обврски остануваме ускратени за непроценливи моменти на дружење со најблиските

За да ги дочекате подготвени вашите роднини и пријатели доколку свратат на шолја топло кафе или чај, ви подготвивме рецепт за колачиња во чие правење, сигурни сме, ќе уживаат и вашите домашни, особено оние најмалите.

Подгответе колачиња со ѓумбир многу едноставно, а нека вашиот дом замириса на арома на цимет и ванила.

Состојки:
400 г брашно
125 г путер
100 г шеќер
1 јајце
150 мл мед
кесичка ванилин шеќер, малку сол, 3/4 од лажичка сода бикарбона, 2 лажички ѓумбир во прав, 2 лажички цимет (може и повеќе, според вкус), малку мускатно оревче.

Подготовка:
Матете го путерот и шеќерот, додадете го јајцето, а потоа и медот. Матете додека смесата  не се соедини. Во друга чинија помешајте ги сите останати состојки и полека додавајте ги на смесата која сте ја мателе. Тестото кое ќе се направи завиткајте го во проѕирна фолија и оставете  да стои во фрижидер околу 2 часа.

Ладното  тесто расукајте го со дебелина 6-7 мм, и играјте со модли, односно со омилените облици. Доколку се одлучите да направите куќички, ви предлагаме прво да нацртате на хартија делови од куќичката и според тоа да го скроите тестото. Тестото печете го на 180 степени 7-8 минути, односно додека колачињата не поруменат.

Глазура:
Глазурата за украсување и лепење ќе ја добиете така што ќе изматите две белки и во нив ќе додадете 450 г шеќер во прав и лажичка сок од лимон. Дел од глазурата одвојте и обојте го со бои за колачи. Во најлон кесичка ставете ја глазурата, со ножички малку отсечете го врвот и шарањето може да почне!

Различните облици и бои од овие интересни слатки ви даваат многу можности за декорација, а стандардното послужување, на тацна со кафе, сега заменете го со кекс кој ќе го закачите на шолјата и ќе уживате во залчињата кои се топат во уста.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>