Фармацевти
Контакт

<< Назад

СО ДЕЦА НА ПЛАЖА

јули 1, 2017

Изберете ја природната ладовина од дрвјатад-р Радмила Косиќ
педијатар

Шеширче со широк обод и дебел слој од крем со најголем фактор на заштита кој ќе го повторувате секој пат кога детето ќе излезе од вода, доволно обична вода и природна ладовина, се најдобар начин да се избегнат замките од  предолг престој на плажа

Најголем број родители секоја година се одлучуваат да го поминат годишниот одмор на море, поретко на река или езеро. Колку децата во семејството се помали, летувањето треба повнимателно да се испланира. Не очекувајте дека летувањето со мали деца ќе ви донесе потполно опуштање и безгрижност, но радувајте се од бегството од секојдневните активности и заеднички поминатото време.

Почеток и крај на сезоната: Испланирајте го внимателно времето и местото на патување. Одберете или почеток или крај на сезоната, проверете го начинот на патување, условите на сместување, уплатете здравствено осигурување, направете листа на неопходни работи кои ќе ги дополнувате со недели пред тргнување. Смирете го својот авантуристички дух од тинејџерските денови, сега имате многу поголема одговорност од летување да се вратите сите здрави и расположени. Секое летување со мали деца ќе ви донесе лични искуства кои ќе ви бидат од непроценлива вредност за планирање на годишниот одмор следната година.

Заштита од сонце: Долго очекуваното летување никогаш не трае доволно долго за да оствариме сè што сме планирале за престој на плажа. Децата треба да престојуваат на сонце само рано наутро и доцна попладне. Доколку не сте во можност во најтоплиот дел од денот да се вратите во разладената соба и да им овозможите на децата одмор од сонцето и метежот, изберете плажа со природна ладовина од дрвја. Помалите деца можат да отспијат, а постарите ќе си играат без опасност да изгорат на сонцето.

Чадорот за сонце не е добро решение зашто низ него, сепак, продираат топлите зраци, а намаленото струење на воздухот ја зголемува опасноста од топлотен удар. Изгорениците од сонце не се ништо помалку опасни од полевање со врела вода, напротив, обично е зафатено целото тело. Поради многу поголема содржина на вода и специфичниот метаболизам на вода и сол, малото дете е посебно чувствително на дехидратација, сончаница, топлотен удар, а сигурно не сте планирале дел од годишниот одмор да го поминете на лекар.

Шешири со широк обод и дебел слој од крем со најголем заштитен фактор (кој ќе го повторувате секогаш кога ќе излезе од вода), доволно обична вода или разреден сок во шише и природна ладовина, сè најдобар начин да ги избегнете замките од предолг престој на плажа.

Ако детето изгори на сонце: Доколку навечер забележите дека детето поцрвенело или се жали на болки по кожата, истуширајте го со млака вода, дајте му вода повеќе од обично, намачкајте во дебел слој хранлив крем приспособен на возраста. Наредните неколку денови ќе мора да престојува во ладовина, а во вода можете да го пуштите во бела, памучна маичка која ги покрива изгорените делови на телото (обично прво „страдаат“ рамењата).

Исхрана на одмор: Промена на начинот на исхрана во текот на летувањето не се препорачува, но често е неизбежна. Најмалото дете треба да си го задржи истиот ритам, количина и квалитет на храна и вода. Доенчето кое се храни со мајчино млеко нема проблеми со исхраната на плажа, мајката може секогаш да му понуди хигиенски исправен оброк. Доколку бебето зема адаптирана формула, никогаш не ја носете на плажа туку веќе подготвено шише топло млеко, можноста за расипување е исклучително голема. Понесете топла вода во термос и во времето на оброк додадете млеко во прав.

Вода: Зголемете ја количината на вода која ја нудите на децата на која било возраст, користете вода во шише. За ужинка на плажа понесете сув кекс, измиено овошје, избегнувајте сладолед „на точење“, крофни со крем и сè што може да биде со непроверена свежина и хигиенска исправност. Најчест здравствен проблем кој ќе го расипе летувањето се токму труењата со храна, а домашното лекување е често невозможно, па децата поради надомест на вода и електролити се сместуваат во болница.

Безбедност: Безбедноста на плажа се подразбира, не очекувајте за вашите деца да се грижат спасители или други деца. Постојаната будност и внимание сигурно ќе го загрози вашиот комфор, но водата (со која било длабочина), песок или камен, многу луѓе и метеж, се опасности за безбедноста на малото дете. Детето кое умее да плива секогаш треба да е под будното око на родителите, без разлика на искуството и возраста. На малото дете наполните му го базенот со морска вода и овозможете му сигурно разладување. Никогаш не испуштајте го од вид детето кое влегува во вода, најсигурно е да влезе прво родителот со грбот кон морската шир, а со лицето кон детето, само така ќе имате контрола над длабочината и однесувањето на малечкото пред вас. Несреќи се случуваат ретко, но само еднаш во животот. Најсигурно е во секој момент од престојот на плажа детето да ви биде пред очи и да се држите до тоа правило.

Аптека за патување: Се подразбира дека треба да се понесе аптека за патување. Ќе ги понесете истите лекови кои секогаш ги имате дома: сируп за намалување на температурата и болките, кесичка раствор за пиење (во случај на повраќање или пролив), алкохол, фластер, стерилна газа, сируп за алергија.

Доколку детето има некоја хронична болест, понесете нешто од медицинска документација, лекови или помагала кои инаку ги користи. Не ја сметајте уплатата на патничко осигурување и патната аптека за предизвикување судбина – подобро ништо од тоа да не искористите, отколку да бидете изненадени од цената на прегледот од педијатар. Секоја наредна година ќе бидете поискусни, поопуштени и повеќе ќе се радувате на заедничките денови на плажа.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>