Фармацевти
Контакт

<< Назад

СО ИСХРАНА ПРОТИВ ОПСТИПАЦИЈА

август 4, 2015

[vc_column width="1/1"]ВНИМАВАJТЕ ШТО JАДЕТЕВесна Шувак-Вујанац

Подобра работа на цревата се постигнува со консумирање храна богата со влакна, зголемен внес на вода од три литри на ден и зголемена физичка активност комбинирана со вежби за стомачните мускули

Опстипација или запек е еден од најчестите здравствени проблеми предизвикан, пред сè, од брзото темпо на живот и нехравилна исхрана, во која доминира консумирање месни и млечни преработки,
брза храна сиромашна со влакна и прес кокнување оброци. Симптоми се празнење на цревата помалку од три пати неделно, непријатност и болка во долниот дел од стомакот, надуеност, засилени гасови, изнемоштеност, а може да се јават вртоглавица и гловоболка.

НАМИРНИЦИ БО ГАТИ СО РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА: Треба да се зголеми консумирањето на овошје и зеленчук, интегрални житни растенија и ориз. Дневно потребно е да се внесат помеѓу 15 и 20 грама диетални влакна. Ваков начин на исхрана богат е со магнезиум и витамини од Б-комплекс, од кои тиаминот е особено значаен за одржување на тонусот на мускулите и перисталтиката на цревата (движења на цревниот канал предизвикани и контролирани со контракции на мускулите во ѕидовите на цревата).

Најефикасни намирници во спречување и лекување на опстипација се
пченични и оризови трици, суви сливи, кајсии и смокви, зелка, морков, грав, како и кафе, кое е брз лаксатив. Меѓутоа, кафето,
кое е најефикасно наутро, не може да биде лек за постојано. Треба да се воведат ужинки од свежо сезонско овошје, а помагаат и бадеми и лешници.

ТРИ ЛИТРИ ВОДА НА ДЕН: Секој ден треба да се внесуваат најмалку два литра течности. Корисна е и минерална вода богата со магнезиум, јогурти со пробиотици, чорби, супи, билни чаеви и компоти. Помага и ако пред појадок се испие чаша млака вода со сок од лимон. Се препорачува и напиток од лелено семе. Се подготвува така што два лажички ленено семе ќе се сомелат, се мешаат со вода и се пијат, или се мешаат со салата.

СОВЕТ: Не претерувајте со лаксативите, бидејќи можат да предизвикаат мрзливост на цревата, а пред употреба, секако, консултирајте се со лекар.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>