[vc_column width="1/1"]Затнат нос, кивање,чешање и пецкање во носот, загуба на чувството за мирис, ... се само некои симптоми кои го нарушуваат здравото и правилно носно дишење и нè прават нервозни.
Важно е да се знае дека носната шуплина не е само простор за „проток на воздух“ до белите дробови и назад, туку е составен дел на системот за дишење, за говор и на сетилото за мирис. Правилното носно дишење е неопходно сите овие функции да се одвиваат балансирано. Загаденоста на воздухот, загреани или климатизирани простории ја прават носната слузокожа осетлива на недостиг на влага во воздухот. Кога е навлажнета, таа е силна одбрана од вируси, но сувата носна слузница е подложна на иритации и инфекции. Последиците од сушењето на слузокожата на носот, синусите и грлото особено се чувствуваат наутро, кога ќе се разбудите со сува уста и грло. Испирање на носот со раствор на морска сол е ефикасна и безбедна метода во зачувување на правилната функција на слузокожата на носот. Современата фармацевтска индустрија ги искористи добро познатите благодети на морската вода и формулира раствор на морска сол во шишенце со соодветен распрскувач, едноставен за употреба. Поради својот богат олигоминерален состав, растворот има низа предности во однос на медкаментозниот пристап на лекување. Растворот на морска сол поседува антисептичен и антибактериски ефект, а притоа не ја суши слузокожата на носот, има одлична подносливост, не пецка и не ја иритира осетливата носна слузокожа дури и кога е таа е воспалена, и најважно, погоден е за сите возрасти (од бебиња до стари лица). Не постои ограничување во должината на неговата примена, поради што не доведува до појава на толеранција на слузокожата.
Различни материи, исто така, можат да влијаат на квалитетот и ефикасноста на растворот на морска вода. За да се избегне истовремена примена на повеќе препарати, на солените назални раствори им се додава ектоин, природна супстанција која ја создаваат бактериите што живеат во екстремни услови (високи температури, УВ-зрачење, притисок, салинитет). На така неповолни услови на средината тие реагираат со лачење ектоин, кој ги обложува клетките, ги штити од исушување и механички надразнувања. Ектоинот ја одржува природната влажност на кожата и слузокожата, поради што најчесто се користи во спрејови за нос, но и во дерматолошки препарати. Според најновите истражувања, докажано е дека овој молекул дејствува антиалергиски и противвоспалително. Ефикасен е кај зголемена изложеност на организмот на разни алергени, како што се полен или прашина, превентивно или во комбинација со стандардна антиалергиска терапија. Посебно добри ефекти покажува кај сува и надразнета слузокожа на носот, непосредно пред користење капки за нос, со што се испира носната шуплина и се овозможува подобар контакт на лекот со носната слузокожа. Делотворноста на ектоинот е потврдена и во лекување хроничен инфективен ринитис предизвикан од вируси.
Поради способноста потполно да ја смират и да ја регенерираат дури и најосетливата слузокожа на носот, назалните раствори со ектоин придонесуваат значајно да се унапреди квалитетот на животот на лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа, како резултат на лошиот квалитет на воздухот, долг престој во климатизирани простории, што резултира со сѐ почеста појава на алергии.