Фармацевти
Контакт

<< Назад

СОБА СО ПОГЛЕД НА МОРЕ

јули 1, 2018

Иако сленгот „спиење со риби“ од холивудските филмови со мафијашка тематика има негативно значење, во прашање, сепак, е нешто сосема друго. Островот Рангали, дел од преубавите Малдиви, е место на кое е сместен хотелот Мурака. Ова луксузно одморалиште на своите гости им нуди бројни погодности, но и единствена прилика за престој во соби сместени пет метри под нивото на Индискиот Океан. Спалните соби имаат прозорци со поглед на живописен свет од корални гребени, а под вода се сместени и луксузен ресторан, простории за дневен престој, релаксација и спа-третмани. Ноќевањето во подводното опкружување, од ноември кога е планирано отворање на хотел, сите заинтересирани ќе ги чини од 50000 долари па нагоре. Можеби обична маска за нуркање сосема е доволна да видиме што живее во морето?

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>