Фармацевти
Контакт

<< Назад

СОЧУВАЈТЕ ГИ ЗДРАВИ ЗАБИТЕ И НЕПЦАТА

јуни 1, 2019

Која е важноста од редовен стоматолошки преглед?

 

Редовниот преглед на забите е важен, бидејќи помага да ги одржите забите и непцата здрави.

 

автор: д-р Нина Митева, спец. ортодонт

 

Се препорачува барем на секои 6 месеци да го посетите својот стоматолог за да се направи преглед и контрола на вашите заби. Стоматолошкиот преглед се состои од два дела: проверка и чистење.

 

Што се случува при вашата посета на стоматолог?

При прегледот се детектира доколку има присутен кариес, а воедно по потреба се прави рендген снимка да се открие доколку постои т.н. скриен кариес. Покрај кариесот, се утврдува дали кај пациентот има наслаги или воспаление на непцето. Ако навремено не се отстранат наслагите, истите стануваат цврсти и преминуваат во забен камен, кој, пак,  предизвикува болести на непцата (гингивитис и парадентоза).

Многу често при прегледите се забележува веќе развиена пародонтопатија (парадентоза),  која е проследена со крвавење од непцата, џебови меѓу забите и непријатен мирис на устата на пациентот.

При прегледот темелно се испитуваат и јазикот, лицето, вратот и главата. Многу често стоматолозите се првите кои забележуваат промени кои се знаци на присуство на сериозни заболувања или рак.

При посетата, советуваме да се направи и темелно чистење на забите со ултразвук, по што следува и полирање на забите. Со ова се отстрануваат наслагите, забниот камен и се оставаат површините на забите мазни и чисти. По потреба се прави и локален флуор третман, кој има за цел да ги зајакне забите и да превенира настанување кариес во иднина.

При самата посета, вашиот стоматолог може да утврди дали кај вас има неправилна поставеност на забите или имате неправилен загриз, како и лоши навики кои влијаат на вашите заби. Доколку стегате или шкрипите со забите, ’рчите во сон или го туркате јазикот меѓу предните заби, вашиот стоматолог има решение за вас. Ако има потреба,  ќе ви биде предложен и соодветен третман, кој опфаќа вежби или одреден тип протези.

 

Што треба да направите помеѓу секоја  посета на стоматолог?

Мијте ги забите најмалку два пати на ден. Бидете сигурни дека користите паста за заби што содржи флуор. Секојдневно испирајте со водичка за плакнење, со што се чисти устата од бактерии и воедно се освежува здивот.

Закажете си бесплатен преглед и консултација на нашите телефонски броеви: 02/2430-188 и 070/344-061.

Адреса: Стоматолошката ординација „Д-р Нина“, бул. АВНОЈ 70, Скопје.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>