[vc_column width="1/1"]ЕЛИКСИР НА ЗДРАВЈЕ, МЛАДОСТ И УБАВИНАHelianthus annuus L. (семејство штитоцветни Asteraceae) – сончоглед
проф. д-р Радиша Јанчиќ
Консумирање сончогледово ладно цедено масло, семки или путер е важно во превенција и лекување кардиоваскуларни и малигни заболувања, за нега на сува кожа и смирување на егземи. Супена лажица на ден обезбедува дневна доза на витамин Е, кој помага против стрес, против инфекции и стареење. Сончогледот е богат и со витамини од Б-комплекс, бета-каротин, Д6, како и минерали како магнезиум, бакар, цинк, селен, манган, калциум, фосфор, натриум, калиум, железо. Содржи и полинезаситени масни киселини, кои влијаат на намалување на нивото на холестерол во крвта.
Сончогледот во Европа долго време се одгледувал само како украсно растение, како масло прво е одгледуван во Русија од каде по Втората светска војна се проширил ширум светот.
Со движењата на своите цутови сончогледот го следи движењето на сонцето. Едногодишно растение е, високо до 200 см. Стеблото е силно, исправено, дебело, со влакна што штрчат, на врвот носи една или повеќе главички. Листовите се наизменично распоредени, обраснати со налегнати влакна, на основата срцесто исечени. Цутовите – главиците се крупни и висечки. Листовите на инволукрумот се наредени како ќерамиди на покрив, во два или повеќе реда. Јазичестите цветови кои се наоѓаат по работ на главичката се златножолти, цевчестите во средина на главичката, се кафеава боја. Плодот е јатка - ахенија со конусен облик. Семето е со ендосперма многу богато со масло. Цвета од јули до септември.
Сончогледовото масло е со златно жолта боја, со слаткаст вкус, еднакво е со маслиновото масло во смисла употреба во медицина и хранливи вредности. Покрај семето се користат и другите делови на растението. Листовите се добра сточна храна, стебленцата содржат влакна кои можат да се употребат во изработка на хартија. Семето е добра храна за птици и сточна храна. Од цветовите се добива жолта боја.
Семето од сончоглед има диуретично дејство и дејствува како експекторанс. Маслото има слични лековити особини. Сржта од стебленцата на сончогледот е најлесен познат материјал.