Фармацевти
Контакт

<< Назад

Стари лица

април 13, 2016

[vc_column width="1/1"]

Корисни совети за стари лица

Стари лица

Старите лица припаѓаат на возрасната група над 65 години. Стареењето е нормален физиолошки процес кој започнува со раѓање, а позначајното настапува по околу 50 година од животот кога се јавува слабеење на телесните функции заради промена на самото ткиво. Иако промените се индивидуални и значително зависат од наследството и начинот на дотогашниот живот, генерално, коските, зглобовите и мускулите слабеат, се акумулира масно ткиво, кожата ја губи еластичноста, слухот и видот ослабуваат, кај жените значително се менува хормонскиот статус, дигестивниот систем и целиот метаболизам полека се забавуваат, а мочниот меур слабее. Исто така, почнуваат да се развиваат и различни хронични болести, најчесто на срцето, крвните садови и мускулно-скелетниот систем.

Vuzrastni_2_site

Пензионирање
Пензионирањето кај некои лица, а особено кај самците, предизвикува социјални и психички проблеми, проследени и со егзистенцијални прашања. Се јавува нерасположение, чувство на изгубеност, непотребност, страв, размислување за животните достигнувања и крај на животот. Но тоа би требало да биде време во кое лицата ќе уживаат без секојдневните стресови поради работните обврски и постигнување резултати. Исклучително е важно старите лица, колку и да им овозможува здравствената состојба, да одржуваат редовни социјални контакти со семејството, пријателите, па дури и ако, на почетокот, тоа би значело одредено самоприсилување.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Депресијата е почеста кај лица кои тешко го прифаќаат пензионирањето и на тие лица им се советува да побараат помош од професионалци за нивната депресија што побрзо да се ублажи.

Здрава исхрана во старост
Здравата исхрана во староста ги намалува тешкотиите со варењето, ја зајакнува отпорноста, ја зголемува енергијата и значително ја подобрува состојбата на старите лица кои боледуваат од хронични болести.
• Појадокот е задолжителен оброк кој содржи овошје и помалку масни млечни производи: обезмастено млеко, обезмастено сирење, јогурт, кефир, тофу, но и јаткасти плодови и леб од интегрални житарки.
• Ручекот вклучува што повеќе овошје и риба, а дозволено е и еден децилитар црно вино. Се препорачува поголемо внесување брокула, карфиол, спањаќ, цвекло, кромид, производи од соја. Црвеното месо треба да се замени со месо од живина, а како масти да се користат маслиново, сончогледово и масло од семе од тиква. Посебно треба да се ограничи консумирањето сол, шеќер, бело брашно и бел ориз.
• Вечерата треба да биде лесна и најдоцна три часа пред спиење.

СТАРИТЕ ЛИЦА ЧЕСТО ЗЕМААТ ПОВЕЌЕ ЛЕКОВИ ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ: ИСТОВРЕМЕНО. ЗАТОА, ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРОВЕРИ И ДОГОВОРИ ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА НИВНО ДОЗИРАЊЕ, А НИЕ ВО АПТЕКИТЕ BETTY МОЖЕМЕ ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ ВО ТОА.

Телесната активност е важна!
Телесната активност е пресудна за одложување на почетокот на зависност од друго лице, но и одржување на физиолошките и интелектуалните функции, подобрување на контролата врз постојните болести, го намалува ризикот од настанување дебелина, остеопороза, инконтиненција, а се смета дека дури ја забавува и деменцијата кај лица кај кои истата се јавува. Старите лица, треба да ја одредат својата телесна активност со помош на лекар, а се препорачуваат и вежби кои ја подобруваат работата на срцето, крвотокот и дишењето, кои ги одржуваат мускулите и овозможуваат еластичност, а влијаат и врз рамнотежата и координацијата. Само 30 минути дневно малку побрзо одење значително ја подобрува општата состојба на организмот на старите лица.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
За старите лица течностите се особено важни, а во организмот дневно треба да се внесува вкупно 1,6 литри течна храна и вода или негазиран и незасладен природен сок или благ растителен чај.

Лекови за стари лица
Лековите најчесто им се препишуваат токму на старите лица и тоа како доживотна терапија за хронични болести. Но, треба да се има на ум дека старите лица, заради физичкиот процес на стареење, се на некој начин почувствителни на лекови и многу е важно лекарот повремено да им ја проверува дозата на пропишаниот лек со цел избегнување на несакани негативни ефекти. Бидејќи старите лица често земаат повеќе видови лекови истовремено, начинот на нивно земање може да ги збуни, а често може и да заборават да земат лек. Затоа со фармацевтот треба при секое зголемување на терапијата да проверат и договорат правилен начин на дозирање, со што лековите би го постигнале саканиот тераписки ефект!

Помагала за стари лица
Помагалата често се користат во староста и никако не смеат за бидат причина за срам. Треба да се прифатат како средства кои го унапредуваат квалитетот на живот. Најчесто тоа се очила, слушни апарати, потпори за одење. Чести се и помагалата за инконтиненција на урината. Инконтиненцијата се должи на слабеење на мочниот меур, односно мускулна слабост на дното на карлицата. Токму овие мускули индиректно го спречуваат ненамерното истекување на урина од меурот при што доаѓа до губење на помала количина урина, најчесто во капки, дури и при активности како кашлање или кивање.
Секое неконтролирано истекување на урина претставува не само хигиенски туку и социјален проблем, кој опфаќа веќе 5 % од светската популација.
Тажен факт е дека поединците, кои се соочуваат со истекувањето на урина, ги прикриваат своите потешкотии од своето семејство па дури и од својот лекар. Најчесто поради срам или недостаток на информации во врска со опциите за третман и како да се справат со тој проблем. Овој проблем е двапати почест кај жените отколку кај мажите и се зголемува со возраста.

Што е важно при изборот на помагало при проблемите со истекување на урина ?
Прекумерната изложеност на кожата на влага поради урината, и штети на кожата, притоа овозможува развој на бактерии кои предизвикуваат непријатна миризба. Затоа, важно е помагалата да дишат, да овозможуваат брза апсорпција на течноста, да обезбедат проветрена и сува кожа, да се без адитиви и мириси, хипоалергени и дерматолошки тестирани. Од огромно значење е редовната хигиена на интимна регија со благи средства кои се погодни за секојдневна употреба, едноставно се плакнат и не ја иритираат слузокожата.

За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>