Фармацевти
Контакт

<< Назад

Статичен велосипед

септември 28, 2016

Спининг за почетнициПредраг Грујиќ

Возењето статичен, собен велосипед (indoor cycling, spinning) е вид вежбање во затворен простор. Корисно е за здравјето, бидејќи ја развива кардиоваскуларната издржливост, а е погодно и за луѓе кои имаат проблеми со зглобовите. Меѓутоа, пред користење статичен велосипед важно е да се консултира лекар, особено ако имате некој здравствен проблем, како и со тренер кој ќе ви даде основни инструкции за правилниот начин на индор велосипедизам.

Според пишувањето на британскиот магазин The Rambler, возењето статичен велосипед било популарно за одржување на кондицијата уште во втората половина на 19 век, за речиси 100 години подоцна персоналниот тренер Џони Голдберг да го осмисли спинингот или ефикасен начин на возење во затворен простор, отворајќи го во 1980 и првиот велосипедски центар во Лос Анџелес.

Нагодување на статичниот велосипед: Исправната положба на велосипедот осигурува квалитетен тренинг, удобност и спречува повредување. Затоа е потребно да се нагоди висината на седиштето, оддалеченоста на седиштето од управувачот и висината на управувачот. Правилно е кога ќе ја поставите петата на педалот, ногата мора да биде испружена. Седиштето треба да биде оддалечено толку за рацете да бидат опуштени на управувачот. Почетниците може да го постават управувачот на онаа висина на која се чувствуваат удобно, а со време да го спуштаат.

Загревање: Не е паметно да се стане само од фотеља и да се седне на статичниот  велосипед, бидејќи тренингот на тој собен тренажер бара загревање. Направете неколку вежби за истегнување на грбот, рацете и нозете во траење од 5 минути.

Групно и индивидуално вежбање: Вежбањето во група во фитнес центар е добро, бидејќи е  под надзор на инструктори и може да биде многу мотивирачко, но треба да се има предвид дека во возењето статичен велосипед не треба да се натпреварувате со другите, особено ако сте почетник.

Почитувајте го своето тело: За да стекнете кондиција, потребни се неколку недели. Многу е битно при вежбањето да го почитувате и да го слушате своето тело и ако ви сигнализира да работите со послаб интензитет, тогаш послушајте го. Класичниот тренинг трае 45 минути, но ако тоа ви е премногу, почнете со 10-20 минути, па на крајот на секоја недела продолжувајте го времето за 5 минути. Тренирајќи разумно постигнувате зголемување на силата и општата издржливост, а ги јакнете зглобовите и тетивите.

Болка и непријатност: Сосема е нормално на почеток да се јави болка и замор на мускулите на нозете. Ако чувствувате болка, забавете го темпото, но немојте нагло да престанете со вртењето на педалите, бидејќи тоа е стрес за телото. Наместо тоа, намалете го отпорот и почекајте дишењето да ви се нормализира, па запрете.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>