Фармацевти
Контакт

<< Назад

Степ аеробик

ноември 1, 2016

Кореографско вежбање со музикаПредраг Грујиќ

Во осумдесеттите години од минатиот век Американката Џин Милер креирала ритмична програма за вежбање со помош на степ платформа, за кратко време освојувајќи милиони вежбачи ширум светот, кои со музика ги увежбувале чекорите горе-долу, лево-десно...

Кој сака да вежба со музика, да учи кореографија, чекори и движења, може да избере тренирање степ аеробик, каде вежбањето станува вистински танцов перформанс. На степ аеробик се тренира со помош на специфична клупичка, т.н.  степ платформа, која има три нивоа (15, 20, 25 см), а вежбачите за еден час прават 1500 качувања и симнувања, што проверено троши калории и го забрзува метаболизмот.

Степ аеробикот влијае на зголемување на брзината, силата, координацијата, подвижноста, издржливоста, моторните способности и обликувањето мускули. Базиран е на едноставни движења со помош на платформа (горе-долу, лево-десно), кои се повторуваат безброј пати. Резултатот е хармонична целина која со добра кореографија и музика претставува задоволство како за вежбачите, така и за набљудувачите.

За вежбање на степ аеробик треба да имате добар тренер, бидејќи изведувањето на кореографијата на платформа е многу напорно и подразбира добро конципиран час со прогресивна динамика, која секогаш почнува со загревање, а се завршува со истегнување и смирување. Тренингот на оваа интересна фитнес програма подразбира и упорност, бидејќи треба да се совладаат основни чекори, а немаат сите вежбачи подеднакви моторни способности. Поради тоа правило е прво да се увежбуваат нозете, а движењата на рацете се вклучуваат дури тогаш кога добро ќе се совладаат движењата на нозете.

При вежбање на степ аеробик се користи и специфична терминологија: basic step – основен чекор, alternating basic step – наизменичен основен чекор, tap up, tap down – горе, долу, V-step – наизменичен чекор, turn step – наизменично V-свртување и друго.

За да се избегнат повреди на степерот, треба да се биде многу внимателен при вежбањето. Стапалото секогаш се поставува на средина на платформата, треба да се гази на степерот со мек чекор, никогаш со целосно истегнати зглобови. Поради специфичноста на вежбањето еден број фитнес инструктори смета дека степ аеробикот може лошо да влијае на зглобовите и да го оптовари ՚рбетот, па кој има проблеми со ՚рбетот и зглобовите, задолжително пред тренирање треба да се посоветува со лекар и тренер.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>