Фармацевти
Контакт

<< Назад

Стетоскоп

декември 1, 2017

Некогаш лекарите ја слушале работата на срцето и белите дробови така што ќе го наслонеле увото на грбот и градите на пациентот. Во 1816 година францускиот лекар Рене-Теофил-Ијасент Лаенек  (1781-1826), свиткал хартија во туба и го наслонил едниот крај на градите на пациентка а другиот на своето уво. „Бев изненаден што ги слушам отчукувањата на срцето многу појасно отколку само да го наслонев увото на градите“, запишал тој. Во наредните три години Лаенек го осмислил и направил стетоскопот (грчки stethos – гради, граден кош) во облик на дрвена долга туба. Дури во 1850 година е измислен стетоскоп за двете уши, опремен со гумени црева и мембрана, од кој се развиле денешните модели.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>