Фармацевти
Контакт

<< Назад

СТРЕСОТ И КАРДИОВАСКУЛАРНИОТ СИСТЕМ

ноември 1, 2018

Методи за релаксација

 

Учењето нови вештини нè прави поспособни да се избориме со секојдневните предизвици. Стресот не е можно да се избегне, но е можно да се победи.

 

Автор Јасна Петровиќ

 

Зголемено лачење адреналин и кортизол е сигурен доказ дека нашиот организам е под стрес, а под нивното дејство доаѓа до забрзана срцева работа, стеснување на крвните садови и скок на вредностите на крвниот притисок. Кај хронична изложеност на стресни ситуации доаѓа до негативни последици по кардиоваскуларниот систем, се зголемува ризикот од хронична хипертензија, појава на ангина пекторис, срцев и мозочен удар. За среќа, постојат техники кои може да ни помогнат да се избориме со стресните ситуации. Секако дека за сите проблеми поврзани со здравјето на кардиоваскуларниот систем мора да се посоветувате со лекар.

 

Прогресивна релаксација на мускулите

Вежбите се изведуваат со затворени очи во седечка или лежечка положба, екстремитетите не би требало да го допираат телото. Се почнува со стегање на десната шака во тупаница, а се продолжува со опуштање. Контракцијата трае пет секунди, а опуштањето десет. Би требало секоја група мускули два пати да ја стегнете и да ја опуштите. Десната рака свиткајте ја во лакотот и на тој начин се стега бицепсот. Потоа испружете ја раката и стегнете го трицепсот. Истиот процес повторете го со левата рака. Потоа стегнете па опуштете ги мускулите на челото, продолжете со стегање на очите, собирање на носот, на устата, туркање на јазикот во забите, стегање на вилицата и на крај со туркање на брадата кон градите. Рамењата прво се подигнати кон горе, а потоа се туркаат наназад и на крај кон напред. Стегнете ги мускулите на стомакот, потоа преминете на контракција на мускулите на седалниот предел. Бутините се активираат со притисок на колено со колено. Десното стапало свиткајте го кон потколеницата, истото повторете го со левото. Потоа, десното стапало целосно испружете го, и истото направете го со левото. Кога ќе се заврши стегањето и опуштањето на сите мускулни групи, останете во опуштена положба уште пет до десет минути.

Техниката за прогресивна релаксација на мускулите најдобро би било да се учи со помош на квалификуван терапевт.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>